На 31/03/2012 излезе Јавен повик бр.01/2012 за доставување на барања за користење на средства од ипард програмата 2007 – 2013. Во кратки црти ИПАРД претставува инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој, со која се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Оваа поддршка иди до 55% од вкупниот проект.
Е сега како оваа програма да се искористи за инвестирање во на пример изградба на биодигестор за добивање на биогас, котел за искористување на отпадните гранки ов овоштарници или пак за производсвто на брикети?
Одредени делови на оваа програма ги поддржуваат овие инвестиции. Така на пример во точка 2.3. Тип на инвестиција 10131 ИЗГРАДБА И ОБНОВУВАЊЕ НА ПЛАСТЕНИЦИ, како е рифатливи специфични трошоци се и трошоци (мада тоа не се трошоци веќе инвестиции) за набавка на опрема за заштеда на енергија (искористување на соларна енергија, ветерници и геотермална енергија).
Исто така во точката 2.10. Тип на инвестиција 10152 ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ЖИВИНАРСКИ КАПАЦИТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БРОЈЛЕРИ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ, како прифатливи инвестиции се и инвестиции во изградба на објекти/депоа/резервоари за складирање на арско ѓубриво и опрема за манипулација и транспорт на ѓубривото. Или со други зборови можете слободно да направите биодигестор за добивање на биогас кои можете да го искористите за греење, производство на електрична енергија или како гориво за напојување на возила.
Кој може да ги искористи овие средства?
Корисници на средствата од мерка 101 се:
1. Физички лица:
- Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител нa земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
- Индивидуален земјоделец – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
- Индивидуален земјоделец носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделството како дополнителна дејност;
- Трговец поединец –регистриран согласно Закон за трговски друштва;
2. Правни лица:
- Трговски друштва регистрирани согласно Законот за трговските друштва;
- Земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за задруги.
Доколку имате проект со кои што се планира инвестирање на обновливи извори, тоа ви носи дополнителни поени – Со цел добивање на бодови за „Инвестицијата да го поддржува воспоставувањето на обновливи извори на енергија на земјоделското стопанство и користење на практики за заштеда на вода, како и унапредување на земјоделските практики за заштита на животната средина (позитивно влијание) во секторите за растителното и сточарското производство ќе биде потребно барателот да инвестира во:
- опрема за користење на обновливи енергии (биогас, сончева енергија, ветерници, геотермална итн.);
- опрема што ќе обезбеди хигиена и здравје на животните во стопанствата;
- изградба на објекти на земјоделското стопанство со користење на локални природни
- со еколошки дизајн (дрво, камен итн.);
- специјална опрема за здравствена заштита на насадите, во насока на интегрирано за контрола на штетниците и болестите;
- опрема за справување со органскиот отпад од земјоделското стопанство (базени за складирање на течниот отпад, платформи за компостирање на отпадот од земјоделското стопанство);
- опрема за товарање, транспорт и нанесување на арското ѓубриво од земјоделското стопанство на нивите;
- инсталациите за третирање на отпадните води и рециклирање на искористената вода
Колку пари можете да очекувате од ИПАРД програмата? Редовната стапка на ко-финансирање на прифатливите трошоци за инвестициите изнесува 50%. Стапката на ко-финансирање се зголемува до 55% во случаj кога носителот на земјоделското стопанство е на возраст од 18 до 40 години.
За сите други дополнителни информации погледајте го упатството за корисници на средства од ипард програмата 2007-2013
3 Comments
Slobodan
Vo gorniot del na tekstot navedeno e deka so IPARD programata mozno e subvencioniranje do 55% od investicijata za proizvodstvo na briketi megutoa vo merkata 101 toa ne e spomenato. Znaci nejasno mi e dali IPARD pokriva subvencioniranje proizvodstvo na briketi od slama?
Предраг Стојковски
Здраво Слободан,
Би сакал да ја погледнете страна бр. 20 и 21 од упатството за корисници на средства од ипард програмата 2007-2013. Таму се вели дека:„Со цел добивање на бодови за „Инвестицијата да го поддржува воспоставувањето на
обновливи извори на енергија на земјоделското стопанство и користење на практики за
заштеда на вода, како и унапредување на земјоделските практики за заштита на
животната средина (позитивно влијание) во секторите за растителното и сточарското
производство ќе биде потребно барателот да инвестира во:
……………………….
опрема за користење на обновливи енергии (биогас, сончева енергија, ветерници, гео
– термална итн.);
Значи и опрема за искористување на биомаса – брикети или пелети.
dimeski
Ако добро го разбрав напишаното , овоштар или имател на нива , може да аплицира за ИПАРД фондовите и да добие 50 % од инсталирана опрема за наводнување ( на пр. вадење на вода од бунар со електрична пумпа и разведување на истата вода по систем „капка по капка ).
Друг систем би бил поставен на фарма или штала , но таму би ги движел моторите од лактофризерот, машината за молзење , фрижидерите и осветлувањето во фармата..
Притоа системот може да се состои од соларни фотонапонски панели, акумулатори и инвертор преку кој ќе се напојува целиот систем .
Бидејки ваков систем бара малку поголема ангажирана моќност ( повеке соларни панели , акумулатори … ) а со тоа и малку повеке пари од да речеме обичен систем за викендичка , ЕВЕ одлична можност на сите заинтересирани да си постават такви системи и притоа да добијат поврат на 50 % од вложеното…