Порано доколку сакавте соларен панел, би морале да купите еден од оние огромни панели кои не само што беа скапи туку беа и многу комплицирани за монтирање. Но времињата се променија, благодарение на компании како Voltaic Systems, кои ги предводат промените со нови поволни, издржливи и преносливи соларни панели.
Исто така Voltaic Systems нуди соларни панели кои можат да се монтираат на покривот на колите, кои ќе можат да се користат за полнење на мобини телефони и лаптопи. Кога станува збор за монтирање на соларните панели на покривот од автомобилот не е потребно да се бушат никакви дупки на покривот бидејќи постои алтернативно решение. Единствените работи за изведување на овој процес се соларен панел и желба за работа.
Првиот чекор е собирање на потребните материјали.
Вториот чекор е прикачување на магнетите,што значи дека ќе ви бидат потребни моќни неодимиумски магнети кои ќе би прикачите на задната страна на секој од соларните панели.Магнетите цврсто ќе ги држат панелите прикачени на покривот, дозволувајќи им на сопствениците на автомобилите да ја користат соларната енергија додека автомобилот е во мирување. Пред да се почне со возење треба да се тргнат панелите од покривот.
Третиот чекор вклучува поврзување на соларниот панел и батерија со жици кои ќе поминуваат низ вратата или отворот на покривот доколку го има. Батеријата ќе биде поставена внатре во колата директно под панелот црпејќи ја енергијата од него.
Последниот чекор е приклучување на лаптопот на батеријата и спремни сте за работа.
Потребни се во просек околу шест часа за да се наполни батеријата со соларна енергија, а еден час изложеност за сонце овозможува околу еден час користење на лаптоп. Ова секако варира, но два панели и две батерии се повеќе од доволно за работа од 8 до 10 часа на ден.
Извор: www.inhabitat.com