Мини ветерница, направена од стар флопи диск, е прилично едноставен проект. Иако делува како играчка, оваа мини ветерница може да има практична примена во голем број на ситуации. Посебно доколку сте на кампување, риболов или сте во викендица или каде било, каде немате пристап на електрична мрежа. Во прашање е многу едноставна ветерница која ќе Ви овозможи да ги наполните батериите (AA/AAA батерии) на Вашиот мобилен телефон, МП3 плеери или за директно напојување на мали светилки. Главен дел на оваа мини ветерница е стара флопи дискета од 5.25″.
Зошто баш оваа дискета? Постојат неколку причини. Пред сѐ, цената на вакви флопи дискети е многу ниска, а во некои случаи можете да ги најдете и бесплатно. Степ моторот од оваа дискета се изузетно погодни за мини ветерници, бидејки не им е потребен никаков преносен механизем-нивниот ротор може директно да се поврзи на турбина (пропелер) со што се намалува бучавата и се поедноставува изградбата на самата ветерница. Степ моторот произведува стабилен напон и при низок број на вртење (oko 200 rpm), што му дава голема предност во однос на други видови на алтернатори и мотори кои бараат 10-15 пати поголем број на вртежи. Ова е многу битно кога имаме помала брзина на ветер.
Напојување и полнење на потрошувачите се регулира со електроника (неколку диоди, отпорник, кондензатор и интегрално коло). Секој кој барем еднаш користел лемилка лесно ќе го направи овој склоп.
Текстот преземен и преведен од сајтот СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА