Како до заштеда на пари преку заштеда на електрична енергија?
Во наредните неколку дена ке зборуваме како преку заштеда на електрична енергија во вашиот дом да заштедете пари. На овој начин не само што ќе заштедете пари, туку на индиректен начин ќе дадете допринос на заштита на човековата средина.
Заштеда на електрична енергија преку користење на пониски температури на машината за перење.
Потрошувачката на енергија на 90 ° C е скоро пет пати поголема од потрошувачката на 30°C! Кои се разликите во трошењето на електрична енергија од страна на едно перење на 30°C и перење на 40 ° C покажуваат следните информации.
Со анализа на потрошувачката на електрична енергија е утврдено дека потрошувачката на електрична енергија на перење на 30 ° C изнесува во просек 0,45 kWh, а перење на 40 ° C изнесува 0,77 kWh, што ја прави разликата во потрошувачка околу 40 проценти.
Значи, со перење на 30 ° C може да се заштеди околу 47 GWh годишно, што е за околу 18 проценти помалце во споредба со перење на 40 ° C.
Со намалувањето на температурата се намалува потрошувачката на електричната енергија, а од друга страна, се зголемува буџетот на домаќинството. Обрнете внимание на етикетите! Машина за миење на садови со енергетска класа „А“ има за околу 27% помала потрошувачка на електрична енергија на истиот уред кој има енергетска класа „Ц“.
2 Comments
АНА
А шо марка перална користеш брат?
ana
a so marka ti e peralnata brat kazuvaj i ja da si kupam ? 🙂