Овие денови Велика Британија ја објави новата програма за поттикнување на енергетска ефикасност. Оваа програма, предвидува масовно подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, по пат на модифициран ESCO модел, кој што има свои предности, но и потенцијални проблеми во неговата имплементација.
Green Deal за подобрување на енергетската ефикасност
Овие денови Велика Британија ја започна масовната програма на енергетска ефикасност, која по својата масовност и по својот финансиски капацитет претставува најголема програма која што треба да ја подобри состојбата во градежниот сектор. Иницијативата наречена „Green Deal“ е дел на програмата, кој што треба да ги трансформира станбените и деловните објекти во енергетски ефикасни објекти. Секоја фамилија или пак правно лице може да подигне кредит во износ од 10.000 фунти со кој што ќе се финансираат трошоците. Рокот на враќање на овој кредит изнесува 25 години. Месечната рата се додава на режиските трошоци и поврзана е за самиот објект а не за оној кој што е сопственик на објектот.
Исто така во системот е вградено така наречено „златно правило“, кое што треба да внимава да вкупната рата на годишен ниво не ги преминува (теоретските) заштеди кој што ќе се остварат со мерките на енергетска ефикасност.
Причините за оваа нова програма лежат во фактот да повеќе од 26 милиони станбени објекти немаат соодветен ниво на енергетска ефикасност – една половина од овој број немаат соодветна топлинска изолација, додека 3 милиони објекти претставуваат опасност по станарите кој што живеат во овие објекти. Овие 3 милиони објекти исто така создаваат дополнителни трошоци на здравствениот систем – 850 милиони фунти на годишен ниво!
Како функционира Green Deal?
Оваа програма се состои од три дела. Првиот дел предвидува енергетска ревизија на објектот. По направената ревизија, корисникот на објектот добива на увид понуда за мерки на енергетска ефикасност, како и увид во ефектите на овие мерки. Вториот чекор предвидува избор и обезбедување на добавувачи, поточно избор на оние компании кој што ќе ги реализираат планираните мерки. И на крај финалниот чекор претставува имплементација на планираните мерки – поставување на изолација, нов систем на греење/ладење…..Овие мерки можат да ги направат само овластени компании кој што се квалифицирани да ги направат овие мерки.
Доколку ве интересираат подетални информации во врска со оваа програма, британскиот Guardian објави краток водич кој што ги објаснува сите процедури во врска со оваа програма.
Недостатоците на Green Deal
Иако на хартија програмата делува одлично, оваа програма има одредени недостатоци. Конкретно, постојат сомнежи дека програмата нема да функционира поради каматната стапка во вредност од 7%, која што ги зголемува финалните трошоци. Вториот проблем е во врска со старите објекти, кој што се законски заштитени. Сопствениците на овие објекти стравуваат дека мерките на енергетската ефикасност ќе ја нарушат нивната автентичност. Исто така проблемот кај старите објекти е во вредноста на планираните зафати, поточно вредноста на зафатите ја преминуваат вредноста од 10.000 фунти.