Српското електростопанство – ЕПС, во последните денови на претходната година го избегна банкротот. Новото раководство на оваа јавно претпријатие, за оваа година најави како нови цени на електричната енергија, така и големи организациони промени во оваа претпријатие.
Како што најави новиот директор на ЕПС, Александар Обрадовиќ, оваа компанија ќе се трансформира според правилата на Европската Унија. Најавените промени предизвикаа големи реакции во рамките на самата компанија, особено во Војводина. Во компанијата објаснуваат дека цената на електричната енергија ќе мора да се зголеми (најниска цена на електрична енергија во регионот), бидејќи оваа компанија има голем минус.
Трансформацијата на оваа компанија најмногу ќе влијае кон големите потрошувачи, додека за граѓаните, барем во првите денови на новата 2013 година се ќе биде исто.
Новиот директор на ЕПС, Александар Обрадовиќ, објаснува кои промени ќе се случат во оваа компанија:
„Во составот на денешниот ЕПС имаме пет дистрибутивни компании – Електровојводина, ЕДБ, Центар, Југоисток и Електросрбија. Новиот закон за електроенергетика пропиша дека овие две компании морат да се трансформираат во две компании – Оператор на дистрибутивниот систем – кој што ќе се занимава со физичкото одржување на мрежата и Јавниот снабдувач, компанија која што ќе ги снабдува сите тарифните корисници на електричната енергија.“
На оптужбите кој што пристигнаа од Војводина, дека се работи за централизација а не за трансформација и дека Војводина ќе остане без пари, новиот директор вели:
„Седиштето на компанијата може да биде и во Нови Сад или Ниш, не е исклучено да тоа биде Нови Сад, но конечната одлука зависи од Владата на Р. Србија.“
Исто така, бројот од 60 илјада работници кој што денес работат во ЕПС нема да се намали во 2013 година. Како што вели новиот директор можни се нови вработувања во оваа компанија, но она што е сигурно дека новиот ЕПС ќе штеди во оваа година. Излезот од тешката состојба во која што се во моментот наоѓа ЕПС е или нови задолжувања или нови поскапувања на електричната енергија.
„Ние само до пред неколку недели бевме на работ на банкрот, но за среќа тоа не се случи, но долгорочно гледано ЕПС не може да работи со постоечката цена на електричната енергија.“, вели Обрадовиќ додавајќи дека се надева дека ЕПС нема да се задолжува.
„За сега не побаравме нови задолжувања и мислам дека со новата, пореалната цена на електричната енергија и со нови организациони промени, нема да се задолжуваме и да му правиме дополнителни проблеми на нашата држава.“
Но покрај иднината на ЕПС, новиот директор мора да се соочи и со минатото на оваа компанија. За сега со минатото на ЕПС се занимава работната група на Министерството за енергетика.
„Разменуваме информации, но во моментот не постои ниту еден конкретен случај за кој што знам дека има привлечено внимание на државните органи. Сите информации кој што беа побарани од министерството се доставени.“, вели новиот директор.
Новиот директор за крај вели дека 2013 година нема да донеси нови историски енергетски проекти, но она што е сигурно е дека производните капацитети ќе бидат обновени.