Веќе секоја година си поставуваме едно стандардно прашање –„Дали и оваа година ќе поскапи електричната енергија/ енергенсите?“. Со самиот тренд на поскапување на електрична енергија се слупуваат и други трендови кој што се предизвикани од промената на цената на електрична енергија. Денес не е толку популарно да имаме електричен уред за се и сешто, правиме избор на гориво за греење. Исто така се повеќе се користи пасивниот начин на градење. Дали, иако сме технолошки понапредни, се враќаме на некој стари методи, кој што се одамна познати и проверени?
Прашањата која што се поставени имаат едноставен одговор – цената на енергијата расте а со порастот на цената се инвестира во енергетска ефикасност. Најдобриот пример на промените во енергетските навики е промена во начинот на изградба.
Традиционално во Србија се користеше дрвото за потребите на греење (истото е и во Македонија. Бидејќи текстот е преземен од српскиот портал за енергетска ефикасност повеќе се однесува на состојбата во Србија.). Дрвото се користеше за греење, куќите се градеа од тули, а како изолација се користеше слама. Овој систем на градба иако на прв поглед личи на примитивен начин на изградба, е енергетски ефикасен.
Со индустријализацијата, се поголем број на луѓе се доселуваше во градовите, па одеднаш се создаде потреба за брза и евтина градба. Во исто време, до првата нафтена криза во 1973 година, енергијата се сметаше за евтина и лесно достапна. Осцилациите кој што се случија во ист период го покажаа истиот проблем – енергетска зависност на државите и недостаток на адекватна енергетска политика. Но и покрај проблемот кој што се појави со енергетската криза, потрошувачката на енергијата растеше паралелно со индустријализацијата. Станбениот простор помина трансформација од обично место за спиење до современ дом, опремен со многу апарати за домаќинство. Изградените објекти имаа малку или никаква изолација, а за греење се користење мазут, природниот гас и електрична енергија. Со слабата изолација пораснаа потребите и за ладењето на просториите.
За проектирање на зградите во Србија до 1967 година се користеше германскиот стандард DIN 4701 (стандард кој што е создаден во 1947 година), кој што гарантирање комфор во самиот простор, но не ја допираше потрошувачката на енергија.
Денес, со постоечките цени на електричната енергија, со постоечките цени на горивата, секоја калорија која што се потроши, секој киловат потрошен киловат час, мора да биде рационално потрошен. Сето ова ги диктира и новите начини на изградба, но всушност се работи на стари заборавени принципи на изградба. Архитектурата се насочува кон енергетски ефикасни објекти и во тоа насочување ги наоѓа позитивните примери од минатото. Се повеќе се градат пасивни објекти, кој што ја користат сончевата енергија за греење на објектите.
Спој помеѓу современата технологија и традиционалните материјали, комбинирани со позитивните примери на градба од минатото, даваат нови начини за изградба на енергетско ефикасни објекти.
Извор на текстот и сликите: efikasnost.org