Авторски текст на уреникот на хрватскиот портал Зелена енергија
Можеби се прашувате зошто сега се одлучив да го завршам курсот, кога нема некоја перспектива за понатамошен развој на фотонапонски системи во Хрватска, но бидејќи овој сертификат е валиден во цела ЕУ и дека од почеток на 2014 година не ќе може да се монтира фотонапонски систем без сертифицирани монтери, овој сертификат добива поинаква димензија.
Денес во Хрватска никој не е сигурен во стабилноста на својата работа и секој си бара некоја алтернатива. Донесов одлука да го започнам курсот за монтери на фотоволтаични системи. Дипломирав на електротехнички факултет и имам две години искуство во монтирање на овие системи, па така се одлучив да добијам и соодветен сертификат за монтирање на сончеви системи за производство на електрична енергија.
Да бидам искрен се двоумев околу курсот, но два факта ме убедија дека уписот ќе биде вистинска одлука. Првиот факт е тој дека од 2014 година ниту еден фотонапонски систем не ќе може да биде инсталиран доколку не е инсталиран од страна на сертифициран монтер. Другиот факт е тој што сертификатот кој што се добива е валиден на територијата на цела ЕУ, па така доколку не најдам работа во Хрватска, ќе имам можност да најдам во некоја држава членка на ЕУ.
Како се одвиваше курсот и што научив?
Јас до сега имав големо теориско предзнаење за начинот на работење на фотонапонски системи. Но тие знаења кој што ги имав беа само 40% од знаењето кое што го добив на самиот курс, додека практичната работа – монтажа, поврзување и автономија на сончевите системи за производство на електрична енергија не може да се мери со теоријата која што ја имав научено.
Имено лесно е да речете дека знаете се за приклучоци, батериски системи, полначи, инвертери, од теориски аспект. Но додека не започнете со монтирање, поврзување на сите овие компоненти тоа е сосема друга приказна. Исто така како можете со каков распоред ќе ги приклучувате батериите, панели и потрошувачите на регулаторот на полнењето, додека тоа никогаш не сте го работеле. Во кратки црти, курсот се одвиваше од понеделни до петок од 09 до 16 часа, паралелно теорија и пракса. Инаку завршениот курс е предуслов за полагање на испитот за добивање на сертификат за овластен монтер на фотонапонски системи.
Исто така предуслов за полагање на испитот е пред се да имате соодветна електротехничка струка и дека имате искуство на електроинсталации, како и да го помините медицинскиот преглед и да добиете докторска потврда дека можете да работите на висина поголема од 3 метра. Самиот трошок за полагање на испитот 1.200 куни (160 евра) со дополнителни трошоци за медицински преглед кој што чини околу 200 до 300 куни (27 до 40 евра).
Што да кажеме на крајот на целата приказна?
Доколку сте бизнис кој што се занимава со продажба и монтажа на фотонапонски системи, или пак планирате да отворите компанија која што ќе се занимава со оваа работа и по измената на тарисфниот систем, секако дека во својот тим ќе морате да имате сертифициран монтер. Од друга страна доколку немате сопствен бизнис дипломата може да ви донесе работа како во Хрватска така и во некоја држава членка на ЕУ.
Извор: Зелена енергија
One Comment
Angel
Дали постои во Македонија ваков Курс?