Се наоѓаме на средина на летото, и покрај благото опаѓање на температурите деновиве и не толку благото покачување на цената на струјата, сега е вистинскиот момент да заштедите енергија, пред горештините повторно да удрат.
Вградување на високоефикасен систем за ладење и ефикасно осветлување се два поедноставни начини на кои фирмите можат да постигнат помала потрошувачка на електрична енергија, а поголем комфорт. Еве неколку совети како да заштедите енергија, да ја контролирате сметката и да „кулирате“:
Ладење
- Поставете нов клима уред со соодветна големина и моќност за вашите простории и со висок степен на енергетска ефикасност
- Заменете ги старите неефикасни мотори со нови, кои имаат помали загуби на моќност
- Поставете контролери со променлива фрекфенција, кои регулираат со која брзина ќе врти моторот. Така дополнително ја намалувате потрошувачката на енергија
- Доколку се работи за поголем објект со централен систем за вентилација, поставете систем за мерење, следење и контрола (SCADA) на работата на системот за ладење, слично како кај автоматизирано производство
Осветлување
- Заменете ги магнетните пригушници кај флуоресцентните светилки со поефикасни, електронски
- Инсталирајте сензори во просториите кои ќе следат дали има некој во објектот и во зависност од тоа или од часот, ќе го вклучат или исклучат светлото
- Наместо рекламната табла со флуоресцентни светилки поставете табла со ЛЕД светилки
- Кога доволно дневна светлина навлегува во работните простории, намалете ги или потполно исклучете ги светилките