Последниве неколку години ги почувствувавме најголемите растови на цените на енергенсите, почнувајќи од електричната струја до нафтените деривати. Јагленот исто така порасна, пред се поради недостигот на пазар во моментот. За среќа цената на дрвата не отиде премногу горе, туку го следеше пропорционално порастот на цените за потрошувачка.
Постојат многу луѓе кои се топлат на акумулационата термо печка, но мислам дека оваа зима ќе биде малку поразлична, пред се поради новата цена на струјата и укинувањето на дневната евтина тарифа. Но, постои алтернатива на греењето со ваква печка – а тоа е камин на дрва.
ЗОШТО КАМИН ИЛИ ПЕЧКА НА ДРВА?
Во моментот дрвото е енергенс кој го имаме како огромен ресурс во нашата држава, но исто така преставува обновлив извор на енергија. Можеме слободно да кажеме дека дрвото не само што е карбон неутрално (без дополнителни емисии на CO2) туку и дека успева при самиот развој од 20-30 години да апсорбира и преработи големи количини на јаглерод диоксид.
Покрај достапноста на количини и цени, можеме да кажеме и дека топлината од камините и печките на дрва е навистина посебна, и не може да се споредува со ниту едно друго грејно тело. Уште повеќе што некои од камините и печките (како оние на Металец-Битола) можат да се користа не само за греење, туку и за готвење. Нивната мултифункционалност уште повеќе се гледа во можноста истите да се приклучат на централно греење, со цел затоплувајќи повеќе соби истовремено
На крај идејата да се размисли за замена на постоечките грејни тела во камин или печка на дрва, на долгорочен план е одлична, бидејќи не само што ќе има подобар поврат на вашите инвестирани средства, со најавените дополнителни зголемувања на електричната енергија може да значи вистински погодок за заштеда.
Информациите за производите на Металец – Битола можете да ги пронајдете и на www.metalecbitola.com
(текстот е спонзориран)
2 Comments
Александар
Проблемот со печките е нивното одржување на температура. Дозирањето на суровина за горење е мануелно, башка оганот е хазарден за еден дом.
Замислете сега фамилија со мали деца?
Стари луѓе кои едвај сами се носат?
….
Има предности, ама потребно е конечно инжењерски да се одговори на предизвикот како кај централното греење.
Игор Мишевски
Се согласувам Александар, постојат недостатоци поради потребата од постојано ложење, но сепак во односта на опасноста, во суштина во секој дом постојат опасноти од било кој извор на греење (струен удар и сл.)
Точно е дека треба да е одговори инжинерски при секоја инсталација, така на пример јас кај мене ангажиав компанија која ќе го проектира греењето од каминот, при што утврдивме дека не може да се топлат сите простории (што и не ми е цел) со предвидениот камин.