Истражувачите од Универзитетот од Алберта и Националниот институт за нанотехнологија од Канада пронајдоа начин за продолжување на животот на незапечатените пластични соларни ќелии на осум месеци.
Функционална пластична соларна ќелија може да биде мост кон наредната генерација фотоволтаици, како материјали кои генерираат енергија, како и можност за подобро интегрирање на овие материјали во градежните елементи.
-Евтини и лесни производи на база на пластични соларни ќелии, како ќебе, кое може да се свитка, ќе ја променат индустријата за соларни панели- вели Дејвид Раијдер, хемиски истражувач на универзитетот.
Меѓутоа, еден камен на сопнување во развојот на пластичните соларни ќелии е нивниот ограничен животен век, кој обично трае само неколку часа. Главен проблем се електродите, основен дел на електронските кола, неопходни за ефикасно извлекување на електрицитет од соларните ќелии.
-Обичната облога на електродите е доста нестабилна и може да се движи низ колото, крајно ограничувајќи работниот век на ќелијата на десетина часа- нагласи Рајдер.
За да ја премостат оваа пречка, истражувачите развија нова полимерна облога кој трае за цели 5000% подолго од претходната. Додека тимот да го објави своето откритие во научните списанија, нивната нова ќелија веќе имаше одработено 500 часа.
И покрај големиот успех на тимот, како и на истражувањата на научници од целиот свет, Рајдер верува дека е потребно дополнително тестирање и истражување пред пластичните соларни ќелии да се најдат на пазарот.
-Мора да ја зголемиме нивната ефикасноста, истовремено одржувајќи долг работниот век, објасни Рајдер. –Остварувањето на осум месеци високоефикасна работа на нашиот изум е голем чекор напред во таа насока.
Преземено од www.ecoseed.org