Редовен сервис на клима уред и чистење на истиот
Секој произведител советува што почесто чистење на клима уредите, па дури и гаранцијата на уредот се условува со годишен сервис или се продолжува во текот на сервисот. Овој совет следува од два многу битни фактори, првиот е чистотата на воздухот во просторијата, а другиот е чистотата на уредот која овозможува непопречен проток на воздух и работа на уредот.
Зошто е битно да го припремите уредот за летната сезона?
Квалитетот на воздухот како најбитен фактор за корисникот на воздухот кој што престојува во просторијата зависи од квалитетот и чистотата на филтерот во внатрешната единица на клима уредот. За сервисирање не треба да чекате непријатен мирис или лошо ладење или греење.
Изглед на филтерот пред и после чистење
Кај стандардните куќни клими (split system) нема размена на воздухот со надворешната единица па и надворешниот воздух не влијае на внатрешниот.
После неупотребувањето во текот на зимскиот период во климата се насобираат микроорганизми (бактерии), прашина и габи. Причина е лошиот квалитет на воздухот во просторијата и лошо, понекогаш никакво, чистење на филтерот во внатрешната единица.
Во зависност од филтерот, намената на просторијата и бројот на пушачи во неа некои филтери е потребно да се чистат еднаш неделно. месечно, годишно. Што повеќе, треба да се земи во предвид ако некој корисник е алергичен на прашина или има осетливи синуси…
Влажни, валкани и темни места внатре во климата се погодни за размножување на бактерии и габи.
Секоја година, покрај редовното перење на филтерот, потребно е да се направи и годишен сервис каде ќе се комплетно исчисти и дезинфицира внатрешната и надворешната единица. Така внатрешната единица се чисти од ѓубре, бактерии и други микроорганизми кои поминаа низ филтерот и се задржаа на изменувачот.
Редовно одржување – перење на филтерот
Филтерот е неопходно да се чисти – пере во интервали од месец дена во зависност од зачаденоста на просторијата/времето кога уредот работи. Така се одстранува целата нечистотија, бактерии…
Со редовно чистење на филтерот се продолжува животниот век на уредот.
Постапка на чистење на филтерот – Како би дојделе до филтерот кој е неопходно да се исчисти, мора да се отстрани поклопецот на внатрешната единица.
Поклопецот лесно се отстранува, најчесто има “брава” на долната страна која со едноставен покрет кон внатрешната страна на просторијата се отвара. На поклопецот се наоѓа отвор за воздух кој исто така треба да се исчисти.
Филтерите се чистат така што се потопуваат во млака вода (до 30 степени) и опционално може да се додаде некое средство за чистење
Така потопени се оставаат до 30 минути да се исушат, па се враќаат на внатрешната единица. Доколку клима уредот користи некој посебен филтер, треба да се прочита упатсвтото за како да се исчисти. на крајот се враќа поклопецот.
Ако во процесот на вадење на филтерот забележиме нечистотија и на внатрешната единица, и таа треба да се отстрани.
Средства за чистење
Постојат разни средства кои помалку или повеќе помагаат во одржувањето – перењето и дезинфекцијата на клима уредите. Средствата кои се користат се, воглавно, наменети само за клима уреди.
Редовен сервис на клима уреди – сплит систем
Редовен сервис опфаќа чистење и на надворешна и на внатрешна единица
на надворешната единица
Перење на куќиштето на надворешната единица (средство на база на киселина, делува на сите врсти на наслаги) и проверка на носачите на надворешната единица.
Проверка на притисокот во системот и евентуално дополнување, зависи од типот на користен фреон (R22, R407, R410A)
Напомена: Под дополнување се подразбира не повеќе од 20% од вкупнатга количина на фреон во системот. Ако недостига повеќе фреон постои дефект во инсталацијата.
Проверка на состојбата на работата на компресорот.
После секој сервис или работа на уредот во контролна книга би требало да се запише датум, име на сервисерот и извршена работа.
По потребa:
- Заменете ги батериите на далинскиот управувач и подесете часовник на него
- Носачите на надворешната единица префарбајте ги со спреј или боја
- прегледајте ги заштитните траки околу каблите
- чистење на турбините (вентилаторот) на внатрешната единица
Кога редовен сервис
Како се клима уредите – сплит системите најмногу користат за ладење преку летниот период, сервис се прави воглавно пред почетокот на летната сезона. Така се продолжува и гаранцијата на уредот (или компресорот)
Ако уредот се користи во канцеларии, продавници, зачадени простории, сервис треба да се прави повеќе пати годишно.