Пред две недели започнавме една мини серија на натписи за тоа на што треба да внимавате кога купувате нови климатизери. Но покрај енергетската ефикасност на климатизерите, исто така треба да внимаваме на тоа да ли клима уредите можат да имаат негативно влијание на оние кој што боледуваат од астма. Значи и енергетски ефикасен и климатизер кој што нема да има негативно влијание на оние кој што имаат здравствени проблеми.
Она што е сигурно е дека не можеме да ги елиминираме сите оние фактори кој што имаат големо влијание на астма. А и доколку ги елиминираме, на што ќе личи животот на оној кој што боледува од астма – можеби ќе личи како живот во експериментални установи. Но ова не треба да ве демотивира да не се потрудите околу вашиот дом, вашиот работен простор.
Пречистување на воздухот
Оние кој што боледуваат од астма, добро знаат дека дишењето на воздухот кој што во себе содржи повисоки количества на полен, тутунски чад, прашина и други видови на загадување, има негативно влијание на нивната состојба. За жал Вие не можете да ги контролирате овие супстанци додека сте надвор, но овие загадувачи можете да ги контролирате во Вашиот животен/работен простор.
Еден од поефикасните начини за филтрирање на воздухот се климатизерите кој што во себе имаат инсталирани филтри. Посебно се интересни така наречени High-efficiency particulate air (HEPA) филтри. Колку се добри овие филтри, ни зборува и фактот дека овие филтри се користат во нуклеарните централи.
Од друга страна, јонизаторите на воздухот не се пожелни. Овие дополнителни уреди кој што се инсталираат на климатизерите, можат да имаат негативно влијание на оние кој што боледуваат од астма. Но да посветиме малку поголемо внимание на HEPA филтрите.
Др Душица Јариќ:
„Алергијата на полен е чест предизвикувач на астма во пролетниот и летниот период. Концентрацијата на поленот во воздухот е најголема во утринските часови во време на сончеви и топли денови. Она што се советува е затворање на прозорците, за да се спречи влегувањето на поленот. Климатизерите со инсталирани HEPA филтри, можат да го спречат влегувањето на поленот во просторијата.“
Но не е доволно да пазарите климатизер кој што има HEPA филтри – истите требаат редовно да се чистат. Најголемата грешка на сопствениците на климатизерите е во тоа што не ги чистат филтрите. Во филтрите со собираат штетни материи, бактерии…..кој што имаат негативно влијание на оние кој што боледуваат од астма.
Извор: www.astma.rs/