Во Шкотска (а каде на друго место) се почна со изградба на когенеративна електрана на биомаса. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 60,5 милиони фунти. Оваа когенеретивна електрана, како погонско гориво ќе ја користи биомасата, поточно остатоците од производството на виски. Зад оваа инвестицијата стои Helius CoRDe Ltd.
Се работи за консорциум од повеќе претпријатиа, кои се состои од производители на шкотскиот виски, Helius Energy Plc и Rabo Project Equity BV.
Вкупната инсталирана моќност на електраната изнесува околу 7,2 MW и ќе запослува 20 стално вработени. Се планира, да електраната работи со полн капацитет во 2013 година.
Гавин Хјуит, извршниот директор на консорциумот на производители на шкотскиот виски, изјави да овој проект е обврска на вкупната индустрија на производство на шкотскиот виски, да ја намали зависоста од фосилните горива, кое се користи како главен извор на енергија. Исто така проектот ќе докажи дека е можно да се создаде еден затворен круг, каде нема губитоци на енергија.