Во денешниот пост ќе го покажеме примерот на хрватската компанија „Модератор“ која што се занимава со производство на пелети. Имено оваа компанија пред неколку години го препозна значајот на обновливите извори на енергија. Континуираниот раст на цената на фосилните горива, ги натера да инвестираат во ефикасен систем на добивање на енергија, кој што ги користи обновливите извори на енергија. Во 2011 тие ја соградија когенеративната постројка за производство на енергија, а од мај 2012 година постројката започна со континуирано производство на енергија – електрична и топлинска.
Основната суровина која што се користи за функционирање на оваа централа е шумска биомаса или „чипс“. Добиената електрична енергија се продава, додека топлинската енергија се искористува за производство на пелети. Основниот импулс за започнување на оваа инвестиција, беше донесување на стимулативната правна рамка, поточно донесување на подзаконски прописи во 2007 година. Во склад со донесените прописи, компанијата донесе одлука за инвестирање во когенеративна постројка до 1 мегават, поточно постојка со инсталирана моќност од 0,95 мегавати за производство на електрична енергија и 4,1 мегават на топлинска енергија. Постројката е изградена во Удбина, Лика, еден од најнеразвиените хрватски региони.
Когенеративна постројка и производство на пелети
Првиот чекор кој што беше преземен, e основање на посебна компанија „Лика Енерго Еко“ со седиште во Удбина. По основањето на компанијата, беа набавени сите потребни дозволи за добивање на статус на повластен производител на електрична енергија. Исто така потпишан е договор со Хрватскиот оператер на енергија кој што ќе ја откупува произведената енергија по повластена тарифа во наредните 12 години. Когенеративната постројка е изградена пред крај на 2011 година. Во 2012 е завршена пробната работа на постројката а во мај 2012 година е добиена употребна дозвола.
Одма до когенеративната постројка е изградена и фабрика за производство на пелети со капацитет од 5 t/h. Енергетската основа за производство на пелети е топлинската енергија од когенеративната централа, додека суровинската основа за производство на пелети претставува шумската биомаса. Употребната дозвола за овој погон е исто така добиена во мај 2012 година.
Когенеративната постројка, како и погонот за производство на пелети, се простираат на 85.000 m2. Вкупната вредност на инвестицијата изнесуваше околу 74 милиони куни (или околу 10 милиони евра). Парите беа обезбедени од следните извори:
- Сопствени средства на компанијата – 40%
- Кредитна линија на германската Кредитна банка за обнова – 60%
Кој се вредностите на овој проект/инвестиција? Пред се со реализацијата на овој проект обезбедени се:
- Нови вработувања – 7 нови работни места во когенеративната постројка
- Нови 18 работни места во погонот за производство на пелети
- Нови приходи на држаното јавно претпријатие „Хрватски шуми“
- Нови сезонски работници кој што ќе ја собираат шумската биомаса
- Ангажирање на локални компании – превоз на шумската биомаса
- Зголемени приходи на локалната самоуправа
- Енергетска стабилност и намалување на загадувањето. Се проценува дека со работењето на оваа когенерација, ќе се намали емисијата на CO2 за околу 41.106 t на годишен ниво.
Состојбата на проектот во текот на 2012 година
Во мај, јуни и јули 2012 привидната снага на генераторот изнесуваше околу 1250 kVA. Остварената снага се движеше од 500 – 900 kW, фактор на моќноста 0,96. Но во текот на денот доаѓа до падот на моќноста поради невозможноста на ладењето (сушарата троши до 2 мегавати топлинска енергија па така се создава вишок од 2 мегавати). Во август 2012 се монтира дополнителен ладилник, кој што ја зголемува вистинската моќност од 920 – 959 kW, фактор на моќноста од 0,97-0,98. Во тој период е направен и првиот ремонт и чистење на котелот.
Понатамошниот развој
Бидејќи праксата покажа дека во континуитет постои вишок на топлина, кој што се „фрла“ во околијата, донесена е одлука во инвестирање во зголемување на ефикасноста на постројката. Со ова инвестиција ќе се зголеми моќноста на постројката за дополнителни 480 kW.
Извор:energetika-net.com