Кога се прават некои статистички анализи и пресметки секогаш се зборува за некој „просек“. Во такви случаи, сигурно сте си го поставиле прашањето „Дали и јас спаѓам во тој ‘просек’?“. „Просечното“ семејство во денешни услови се чини скоро митолошко, бидејќи многу малку од нас спаѓаат токму во границите на просекот.
Ова тврдење е точно и во случајот на енергетската ефикасност и статистиките за заштеда на енергија. На пример, американската Агенција за заштита на околината пресметала дека ако обична светилка со жаречко влакно се замени со штедлива (компактна флуоресцентна) светилка, таа ќе генерира заштеда од 69 долари во текот на нејзиниот работен век (користам американски пример зашто, колку што сме ние запознати, македонска пресметка не постои по ова прашање).
Се поставува прашањето дали вашиот дом или бизнис ќе заштеди со замена на старите светилки со нови?
Повеќе фактори влијаат на ова, се разбира најочигледниот е тоа колку долго и често е вклучена светилката. Друг битен елемент во сево ова е цената на струјата. Од држава во држава таа многу варира. На пример, во Македонија цената на еден киловат час електрична енергија за домаќинствата е 4.5 евроценти, најниска во регионот и една од најниските во Европа. Во соседството, цената на електричната енергија се движи од 4.65 евроценти во Србија, во Бугарија 6.85, во словенија 9.19, 9.61 во Хрватска, до 10. 05 во Грција. Ако живеете или водите бизнис во некоја од земјите со поскапа струја, инвестирање во ново осветление може брзо да се исплати.
Исто така битно е дали се работи за дом или за деловен објект. И ако се работи за деловен објект, дали тоа е некој производствен капацитет каде најголемиот дел од електричната енергија се троши на машини за производство или е административна зграда, каде најголемиот дел од енергијата се троши на осветлување (или климауреди). Очигледно, поголема заштеда на осветлувањето ќе има во административниот објект отколку во производствениот, со оглед на процентуалниот удел на светилките во целокупната потрошувачка на енергија.
И претходно сме пишувале за тоа колку точно можете да заштедите со заменување на само една светилка. За да имате некоја претстава колку би заштедиле на осветлување, ви даваме неколку параметри, па ве оставаме сами да пресметате некоја просечна (повторно тој „просек“) потрошувачка во вашиот дом. Прво, земете ја малопродажната цена на електричната енергија од 4.5 евроценти за киловат час. Исто така земете дека некоја светилка (на пример во дневната соба) свети по 6 часа дневно (во зима може да биде 8, во лето 4, повторно просекот J ). Не ја заборавајте и цената на светилките – една обична светилка од 100W од еден реномиран западноевропски производител чини 20 ден., додека штедливата светилка од истиот производител чини 220 ден. И за крај, работниот (животниот) век на светилките – обичните имаат деклариран работен век од 750 часа, додека штедливите (во зависност од производителот) од 6000 – 15 000 часа, значи „просек“ 10 000 часа. Според мое лично искуство, менував обични светили на секои 4 месеци, а штедлива на 2 години. Што значи за животниот век на една штедлива, се менуваат 6 обични. И за крај, во следната табела е дадена споредба на обичните со штедливите светилки во поглед на моќноста и сјаноста, односно осветленоста што ја обезбедуваат.
Моќност во вати (W) |
Сјајност (осветленост) во лумени (lm) |
|
Штедливи |
Обични |
|
9 – 13 |
40 |
450 |
13 -15 |
60 |
800 |
18 – 25 |
75 |
1 100 |
23 – 30 |
100 |
1 600 |
30 – 52 |
150 |
2 600 |
За да ја имате целосната слика за тоа дали се исплаќа да се вложи во штедливи светилки и колку, треба да ги имате предвид и негативните страни на овие светилки, за кои пишувавме претходно.
Сега кога ги имате сите бројки пред себе, калкулаторот в рака, и преминете на сметање!