Познат факт е дека концентрираните термално соларни панели се со поголем степен на искористување за разлика од фотоволтаичните панели. Една од причините за тоа се високите температури кои негативно влијаат кај фотоволтаиците додека кај термалните панели таа топлина има позитивен ефект врз работата на работата на парната турбина. Сепак ова не единствен недостаток кој има овој вид на искористување на сончевата енергија компарирано со фотоволтаиците. Во продолжение дел од ограничувата кои ги има ваквиот начин на користење на соларната енергија.
– Не е возможно со една концентрирана соларно-термална постројка да се напојува една резиденцијана единица како што е тоа случај со фотоволтаиците. Причината за тоа е пред се затоа што многу се ретки малите парни турбини кои се есенцијален дел од овој вид на постројки. Земајќи во предвид дека поголемиот дел од овие мотори се доста големи останува прашање каде би се сместиле во еден дом и просторот кој тие би го окупирале.
– Друг момент е димензиоирањето на истите и нивната (не) прилагодливост на потребите на едно домаќинство. Еден фотоволтаичен систем лесно се димензионира на потребите на секое домаќинство без никаков проблем. Додека кај концентрираните соларни системи ова е речиси невозможно поради тоа што тие се изработуваат само во неколку димензии.
– Работата на еден ваков систем бара доста технички познавања што е премногу за обичниот човек кој не е запознат во детаљи со нивната работа. Така да тоа би било уште еден плус на страната на фотоволтаичните системи чија работа речиси и да не треба мониторинг, одржување или длабоки познавања како функционираат.
– Ваквиот вид на системи коштаат доста повеќе од фотовалтаиците кај кои има само панели, неколку мерни инструменти, инвертер и можеби батерии за складирање на енергијата. За разлика од нив кај овој вид на соларни системи имаме: хелиостати, механизам за придвижување на хелиостатите, компјутерска програма за работата на механизмот за придвижување на хелиостатите, парна турбина, и тн.
– Цената на инсталација на концентрираните постројки е доста поголема споредено со цената за инсталација на фотоволтаичните панели. Комплексноста на овие системи повлекува постручна работна сила која чини повеќе.
– Веројатно најголема предност кај концентрираните соларни панели е топлата вода која потоа може да се искористи на повеќе начини.