Недостиг на топлинската изолација има повеќе негативни ефекти. Првиот негативен ефект се големите топлинските загуби, што автоматски носи и големи парични загуби. Другиот негативен ефект е кондензирање на водената пареа во зимскиот период на внатрешниот дел на ѕидовите, обично во самиот агол на просториите.
Атмосферскиот воздух со себе содржи одредено количество на воденета пареа. Апсолутната влажноста на воздухот претставува маса на водената пареа во еден кубен метер на воздух. Самиот воздух не може во себе да прими неограничено количество на водената пареа, туку само до онаа граница која што се нарекува граница на заситување. Оваа граница зависи од температурата на воздухот – топлиот воздух во себе може да апсорбира поголемо количество на водената пареа за разлика од поладниот воздух.
Како и секој друг гас и водената пареа во воздухот има свој притисок кој што се нарекува парцијален притисок на водената пареа. Во зимскиот период притисокот на пареата во рамките на некоја просторија, е поголем од притисокот на пареата која што се најдува во надворешниот воздух. Од овие причини, водената пареа која што се наоѓа во просторијата тежнее да излези надвор и тоа го прави помеѓу рамките на прозорците, каналите за вентилација….итн.
До кондензацијата на водената пареа, доаѓа преку максималната влажноста на воздухот, а тоа се случува кога:
- Имаме константно испуштање на водената пареа во воздухот
- Со намалувањето на температурата на воздухот или на било кој друга материја во која што се наоѓа водената пареа
- Со комбинација на овие две можности
Основниот дел на секоја термичка пресметка е анализа на текот на водената пареа низ преградите, а се со цел да се избегнат следните видови на кондензација:
Кондензирање на водената пареа, на самата површина на преградата. Ова е последица на недоволната термо изолација и се создава тогаш кога водената пареа од просторијата ќе дојде во допир со ладната површина на преградата. Тогаш таа се претворува во влага и останува на преградата. Ова лесно можеме да го забележиме на стаклениот дел на прозорците, во самиот агол на ѕидовите….итн. Негативните ефекти на оваа кондензација се: јавување на мувла, нездрава микроклима, непријатни мириси, здравствени и естетски проблеми.
Кондензирањето на водената пара во внатрешноста на преградата. Овој вид на кондензација се јавува како последица на нестручно направена термо изолација. Оваа кондензација е поопасна од претходниот вид на кондензирање на водената пареа. Таа се создава тогаш кога водената пареа поминувајќи низ преградата, на својот пат ќе се соочи со ладен слој на материјал и во него се кондензира.
Бидејќи во преградата, која што нема термо изолација, сите материјали имаат слична спроводливост на топлина, температурата во овие прегради рамномерно се намалува, така да нема ризични места за создавање на кондензација. Од друга страна, доколку преградата поседува термо изолационен материја, падот на температурата е поизразит него ли низ другите материјали, што значи да во преградата постои потенцијално опасно место за појава на влага. Влагата ги намалува изолационите карактеристики на преградата, а може да дојди и до озбилни градежни штети.
Она што е пресудно за создавање на кондензацијатаа во самата преграда се оние слоеви на материјал кој што се наоѓаат на поладната страна на термо изолацијата. Доколку овие слоеви не даваат голем отпор на поминувањето на водената пареа, нема ни да се појават негативните ефекти на кондензацијата. Од овие причини, просториите кој што се константно догреваат, треба да се изолираат од поладната страна.
Поставување на термо изолационен слој на потоплата страна е поефективно кај оние простории кој што се повремено догреваат.
Доколку термо изолацијата ја поставиме на потоплата страна на преградата кај просториите кој што имаат константно греење, тогаш ќе направиме грешка, поточно тоа за последица ќе има кондензирање на водената пареа во внатрешноста на преградата.
Доколку пресметките покажуваат дека во преградата ќе се создаде премногу кондензација, тоа може да се поправи на неколку начини:
Зголемување на самата дебелина на термо изолацијата, доколку е поставена на поладната страна.
Поставување на слој на проветрување, одма зад термо изолацијата, доколку термо изолацијата е поставена на надворешната страна на ѕидот.
Без разлика каде е поставена термо изолацијата, кондензацијата може да се елиминира со избор на оној термо изолационен парнонепропусен материјал или со инсталирање на парна брана од неговата потопла страна. Парните брани се слоеви кој не ја дозволуваат дифузијата на водената пареа.
14 Comments
Dimcevski Aleksandar
Jas i pokraj postavena nadvoresna izolacija imam problem so vlaga i pojava na muvla od severnata strana na objektot.Navistina e deka povremeno se dogreva vo spalnite sobi a i teloto vo tekot na nokta ispusta odredena kolicina na voda.Planiram ova leto da mestam izolacija i od vnatresna strana pa ke vidime sto ke se sluci.Ako ne se resi so nea izgleda ke treba da se gree konstatno.Ako ima nekoj koj go resil ovaj problem ne ke e loso da dade mislenje.
Игор
И покрај добрата изолација што ја имаш поставено, верувам дека и дограма имаш квалитетна, ти имаш проблем со она количество на водена пара која се собира во просторијата, бидејќи просторот е “вакумски” затворен, со тоа што количеството на влага како производ на испарувањето од човечкиот организам, готвењето во просторијата, го доведува количеството на влага во просторијата од 70% до 90% создавајќи истовремено неудобност во просторијата за функционирање, како и зголемување на критичната температура од внатрешна страна на ѕидовите за кондензација, над актуелната температура измерена на внатрешната површина од ѕидот. Ставање на изолација од внатрешна страна на ѕидот, може само да направи поголем проблем, бидејќи ти имаш проблем со тоа како влагата што ја имаш во просторијата која прави непријатност и мувла, да ја намалиш. Решение е сушач на воздух, кој има улога, воздухот во просторијата да го филтрира, и да го доведе во нормални граници од 35% до 40%. Опција за сушење на воздухот имаат некои клима уреди, меѓутоа ако твојот клима уред нема таква опција, тогаш во продавница за бела техника, ќе побараш сушач на воздух.
goran
Ima sega i drugo resenie ako imas problem uste.
Goce Talev
Dimcevski Aleksandar , emoj da brzas so postavuvanje na izolacija od vnatre. So toa ke gi zolemes termickite mostovi . Ako izolacionoit sloj nema membrana protiv vodena parea topliot vozduh ke navleze niz izolacijata i ke naide na ladna povrsina kade ke kondenzira. Rizikot za pojava na muvla e mnogu golema.
preda da napravis vatresna izolacija ispitaj od kakov meteriajl e graden tvojot zid. Kazi kolkava debelina na izlacionen sloj imas od nadvor? Proveri dali tavanskite vodi se dreniraat soodvetno so olucite. Ne daj boze del od tavanskite vodi da lineat vo vnatresnosta na tvojot zid.
Na vtorata stidenska konferencija vo Skopje odrzav predavanje na ovaa tema. Uste ednas razmisli dobro pred da izoliras od vnatre. Pozdrav d-r Goce Talev
biljana trajkovska
ve molam kako da iskontaktirame dokolku moze sovet okolu ovaa problematicna tema
Goce Talev
talevgoce@hotmail.com
Pingback: Мувлата дома е голем ризик за здравјето – еве како да се отарасите од неа | MKnews.mk
Игор
И покрај добрата изолација што ја имаш поставено, верувам дека и дограма имаш квалитетна, ти имаш проблем со она количество на водена пара која се собира во просторијата, бидејќи просторот е “вакумски” затворен, со тоа што количеството на влага како производ на испарувањето од човечкиот организам, готвењето во просторијата, го доведува количеството на влага во просторијата од 70% до 90% создавајќи истовремено неудобност во просторијата за функционирање, како и зголемување на критичната температура од внатрешна страна на ѕидовите за кондензација, над актуелната температура измерена на внатрешната површина од ѕидот. Ставање на изолација од внатрешна страна на ѕидот, може само да направи поголем проблем, бидејќи ти имаш проблем со тоа како влагата што ја имаш во просторијата која прави непријатност и мувла, да ја намалиш. Решение е сушач на воздух, кој има улога, воздухот во просторијата да го филтрира, и да го доведе во нормални граници од 35% до 40%. Опција за сушење на воздухот имаат некои клима уреди, меѓутоа ако твојот клима уред нема таква опција, тогаш во продавница за бела техника, ќе побараш сушач на воздух.
Pingback: Мувлата е голем ризик за здравјето – еве како да ја исчистите | MKnews.mk
Pingback: Мувла во станбените објекти – превентивно делување
Pingback: Мувлата дома ве разболува – еве како да ја исчистите | MKnews.mk
biljana
Barav susaci na vozduh vo pogolemite prodavnici za bela tehnika,no sekade krevaa ramenici. (ne znaea duri ni za sto se raboti pa ti nudat ovlaznuvaci na vozduh ) Mozete li da mi pomognete so sovet kade da pobaram.Blagodaram
borko
Najgolem pricinitel na kondenzacija se pvc-prozorite so koi prostoriite se hermeticki zatovreni. Drvenite prozori sekogas ke ostanat najdobar izolator. Golema greska pravat i gradeznite kompanii pa sega nema nov stan koj ne se soocuva so vlagata. Za susaci na vozduh pogledni vo Conrad no sporedeno so ceni vo okolnite zemji se 3-4 pati poskapi.
biljana
Vi blagodaram na informacijata.POZDRAV