Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со своите партнери Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) организира конференција на тема “Енергетска политика – потреби (Гасификација, Правна рамка)”, како дел од Европската недела на одржлива енергија. Конференцијата има за цел да претстави преглед на енергетската политика во Република Македонија и регионот, во поглед на исполнување на потребите за енергија, како и преземените мерки за да се обезбеди соодветно ниво на квалитетна енергија. Фокусот е процесот на гасификација, како едно од оптималните решенија, заедно со преглед на националната правна рамка во врска со овој сектор, како и усогласеност со ЕУ директивите.
На конференцијата ќе се промовира и новата публикација : “Енергетска политика на Република Македонија: Гасификација и правна рамка – преглед” од страна на авторите проф. д-р. Константин Димитров и Зоја Taревска, од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ.
Целта на настанот е да се претстави компаративна анализа за состојбата на енергетскиот сектор во Република Mакедонија и во Косово и усогласување со ЕУ регулативите, во споредба со другите земји во регионот. Гостите кои ќе се обратат на конференцијата ќе говорат за ситуацијата во енергетската политика во регионот, како и искуствата и придобивките за
земјите во секторот на гасификација.