Овие денови сме сведоци на екстремно ниски температури во Македонија. Поубаво кажано вистински зимски температури. Лекот против овие зимски температури е квалитетна топлинска изолација како и квалитетен систем за греење. Некој користи електрична енергија за догревање, некој користи некој од системите за парно кои за погонско гориво користат мазут, јаглен, дрва или брикети/пелети.
Но, покрај тоа каков систем за греење користиме. исто така е битно, особено кај системите за парно греење, е каков котел користиме. Денес ќе пишуваме за посебни котли кои работат на принципот на пиролиза. Прво да објасниме што е тоа пиролиза.
Пиролиза е процес на топлинско распаѓање на одредени материјали, во нашиот случај дрво, под дејство на температури кои што се поголеми од 100°C (200–300 °C (390–570 °F)). Или едноставно пиролиза е сува дестилација на дрво. Како производ на ова распаѓање се јавуваат гасови – метан.
Кај пиролитичките котли, пиролизата е нагласена поради посебната конструкција на самиот котел, регулацијата како и на посебно инсталиран вентилатор.
Котлите на база на пиролиза обично имаат дводелно ложиште како и вентилатор со променлив број на вртежи. Задачата на овој вентилатор е да доставува одредено количество на воздух. Во горниот дел на ложиштето се реализира процес на дополнително сушење на дрвата. Исто така, дрвата кои што се наоѓаат во горниот дел топлотно се разградуваат. Како резултат на топлотното разградување добиваме жар и гас. Количество на воздухот кој се наоѓа во горниот дел на ложиштето е доволно за самиот процес на создавање на гасот, но не и за потполното согорување на истиот.
Поради подпритисок/надпритисок (зависно од тоа каде е поставен вентилаторот) создадениот гас преминува во долниот дел на самото ложиште. Во тоа минување дрвениот гас го поминува подрачјето каде што се наоѓа жарот каде се запалува и во целост согорува.
Котлите кои што го користат овој процес имаат стапка на искористеност на самото дрво од околу 95%. За споредба, стандардните котли имаат степен на искористување на дрвото од околу 70%. Од ова можеме да донесеме заклучок дека со користење на котлите на пиролиза можеме да заштедиме и до 25% на вкупните потреби за дрва.
Дрвните остатоци (од столарски работилници) не се пожелни бидејќи може да дојде до затнување на доводите на секундарниот воздух. Котлите на пиролиза имаат една карактеристика – подолг временски период на полнење со дрва 8-12 часови. Ова зависи од големината на самиот котел, влажност на дрвото итн. Друга карактеристика на овие котли е мало количество на пепел, поради големиот степен на искористеност на дрвото. Температура на димните гасови се движи помеѓу 160 – 220 ºC.
Овие котли имаат една мана, ако можеме да ја наречеме мана. Овие котли ги даваат горе спомнатите резултати доколку имаме квалитетно дрво, поточно процентот на влагата во самото дрво треба да се движи помеѓу 15-20%.
Исто така, бидете внимателни доколку користите брикети во пиролитички котли. Имено. брикети кои што имаат во себе некаков вид на врзивно средство можат да бидат лош избор, бидејќи можат да имаат негативни влијанија на самиот котел. Но, на пазарот постојат посебни котли на пиролиза кои што користат брикети како погонско гориво. Исто така, котли на пиролиза можат да користат јаглен, но само како резервно гориво.
5 Comments
goran
kade moze da se vidat i kupat kotlive na baza na piroliza
Предраг Стојковски
Здраво Горан,
За сега немаме информација каде можат во Македонија да се набават ваков вид на котли. Само да ве предупредиме, овие котли се одлични но доколку имате СУВО ДРВО 15% на влага.
micho
kotlite na PIROLIZA gi ima vo Skopje
sto e tolku macno
pa duri moz da se poracat i vo Bitola
micho
Goran
kotlite na PIROLIZA gi ima i vo Makedonija a isto taka mozi
da se izvrsi i naracka vo site prodavnici za parni koteli za parno
slobodno prasaj vo prvata prodavnica za parni kotlovi
ke te upatat na sigurno mesto
micho
GORAN OZIS DA OTVORIS NA STRANATA GOOGLE
http://WWW.KOTLOVI NA PIROLIZA
ima strani premnogu za kotlovi na PIROLIZA