Готово, решивте, ќе набавите сончев систем за топла вода или производство на електрична енергија, ќе поставите нова квалитетна дограма, топлинска изолација или пак одлучивте да пазарите апарати за домаќинство од А++ енергетска класа. Го избравте изведувачот/компанијата кој што ќе го ангажирате (од каде што ќе купите електрични уреди, панели…) но останува уште еден чекор – финансии.
Едниот начин е соларен систем на плаќање – „паре на сунце“ J но од друга страна имате друга опција – кредитирање. На македонскиот финансиски пазар веќе постојат специјализирани кредитни линии, кој што се наменети за финансирање на енергетска ефикасност. Во денешниот натпис ќе се обидеме да ги претставиме сите овие кредитни линии наменети за физички лица. Во утрешниот пост ќе ги обработиме кредитните линии наменети за бизнис секторот.
Alpha Зелен кредит
Алфа банка минатата година ја претстави кредитната линија под име „Еко кредит“. Основните карактеристики на овој кредит се:
- Износ на кредитот: 200 ЕУР – 10.000 ЕУР (12.000 МКД – 600.000 МКД)
- Камата 4,4%
- Корисници: Физички лица од 18 до 68 (возраст до 68 год. при доспевањето на последниот ануитет од кредитот)
- Кредитобарателот со доспевањето на последниот ануитет да не биде постар од 68 години
- Кредитобарателот да биде во редовен работен однос минумум 12 месеци кај сегашниот работодавач или да е пензионер
- За трговци-поединци, сопственици на мали претпријатија, самостојни вршители на дејност т.е. адвокати, нотари, извршители и др – минимум 3 години во истата дејност
- Учеството на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечните примања да изнесува најмногу 40%
- Рок на враќање од 6 – 84 месеци
- Грејс период до 6 месеци
- Обезбедување:
- Меница и менична изјава потпишани од корисникот на кредит
- Административна забрана се предвидува ако е прифатлива за сите страни (компанија – Банка – кредитобарател)
Намена на кредитот како што рековме е финансирање на енергетска ефикасност, конкретно:
- Соларни системи;
- Нови врати и прозорци со термичка изолација;
- Иновативни системи за греење и ладење на домот;
- Покривна изолација;
- Други уреди и системи кои работат на обновливи извори на енергија
За сите дополнителни информации обратете се во најблиската филијала на Алфа Банка
Халкбанк Турција (Türkiye Halk Bankası A.Ş.)
Слично како Алфа банка и Халбанка кредитот за енергетска ефикасност го крсти како „Еко кредит“. Да ги видиме карактеристиките на оваа кредитна линија.
- Вредност на кредитот до 100.000 евра
- Рок на враќање до 84 месеци
- Камата: 5,5% номинална каматна стапка , 5,96% годишна стапка на вкупни трошоци СВТ
- Трошоци на кредитот: 1% од вредноста
- Обезбедување:
- 500 – 10.000 ЕУР 1 жирант/солидарен должник (плата во Халкбанк)
- 500 – 10.000 ЕУР 2 жиранти/солидарни должници (плата во други банки)
- За пензионери 500 – 10.000 ЕУР минимум 1 жирант/ солидарен должник
За сите дополнителни информации обратете се во најблиската филијала на Халк Банка
Комерцијална банка
Единствена банка која што кредитната линија за енергетска ефикасност ја и нарече како кредит за подобрување на енергетска ефикасност. Да ги видиме карактеристиките на оваа кредитна линија.
- Намена на кредитот:
- замена на прозорци и надворешни врати
- вградување на термо-изолационен материјал на ѕидни, подни и кровни површини
- модернизација на системи за ладење и греење во станбени објекти
- купување на енергетски ефикасни уреди за домаќинството и бела техника
- Висина на кредитот: до 300.000 денари
- Рок на отплата до 5 години
- Камата: 8,5% годишна, со денарска клаузула
- Обезбедување:
- административна забрана од плата
- меница и менична изјава
- без жиранти
За сите дополнителни информации, контактирајте ја најблиската филијала на Комерцијална банка.
Прокредит банка
Минатата година пишувавме за оваа кредитна линија. Исто како и претходните две банки и Прокредит банка кредитната линија наменет за енергетска ефикасност го нарече еко кредит. Па да ги видиме карактеристиките на оваа кредитна линија.
- Кој може да аплицира: физички лица, приматели на плата/пензија во ПроКредит Банка
- Намена: инвестиции во реновирање и/или подобрување на постоечки стан, куќа или други резидентни градби со мерка за енергетска ефикасност
- Вредност:
- МКД: од 60.000 до 600.000 МКД
- ЕУР: од 10.000 до 50.000 ЕУР
- Рок на отплата: до 84 месеци за МКД и до 181 месец за ЕУР
- Минимум работно искуство: 6 месеци
- Годишна каматна стапка: од 6,5% за МКД; 5,5% за ЕУР
- Обезбедување:меница, гаранти, административна забрана од клиент, подвижни предмети, недвижен имот
Пак, како и за претходните две банки ќе речиме:„За подетални информации обратете се во најблиската филијала на Прокредит банка“.
Ова се банки во Македонија кој што нудат кредити за енергетска ефикасност за физички лица. Да кажеме, дека Вие можете да аплицирате и кај другите банки кој што немаат специјализирана кредитна линија за енергетска ефикасност, доколку сте кредитно способни сигурно е дека ќе ви одобрат кредитна линија за нова термо изолација или за нова дограма.
One Comment
Pingback: Субвенции за сончеви колектори – праведни или не?