За да имаме ефикасен систем за греење, без разлика дали се грееме на јаглен, дрво, гас, мазут или на брикети и пелети, покрај квалитетен котел мораме да имаме и квалитетна циркулациона пумпа. Која е улогата на циркулационата пумпа? Со едноставни зборови кажано, пумпата ја има улогата да ја дистрибуира топлата вода од котелот до радијаторите. Доколку имаме енергетски ефикасна циркулациона пумпа, ќе имаме и поефикасно греење, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Па да видиме кои се тоа критериуми за циркулациони пумпи.
Методологија
За да изберете енергетски ефикасна циркулациона пумпа, истата мора да биде во склад со Europump енергетска етикета А. Горното ограничување, поточно максимална потрошувачка на електричната енергија е до 300 W.
Производите се рангираат според индексот на енергетска ефикасност – Europump енергетска етикета. Брендот и називот на моделот исто така се прикажани сосе сите потребни спецификации на производот.
Како и кај апаратите за домаќинство, и циркулационите пумпи се споделени во енергетски класи: А – G. Се подразбира дека „А“ класа подразбира енергетски ефикасни пумпи, додека „G” класа претставува енергетски неефикасни пумпи. Или најдобро да ја погледнете сликата која ги прикажува енергетските класи на циркулационите пумпи.
Потрошувачка на електрична енергија
За пресметување на потрошувачка на електрична енергија се користат следните параметри: 8 месеци греење, 5000 работни часови.
Достапност на производите
Оваа ставка ја прикажува достапноста на моделите на циркулационите пумпи во земјите членки на ЕУ. Но, достапноста на овие производи пред се зависи од одлуките на менаџерите на продажба, поточно на деловната политика на поедините компании кои што ги произведуваат циркулационите пумпи. Кодовите на земјите се според ISO стандардот.
2 Comments
Дипл.маш.ин
Текстот е добар, но имам една забелешка. Незнам дали е печатна грешка но во делот каде што пишувате за порошувачката на електрична енергија имате напишано 300 V, a треба 300 W.
Поздрав и очекуваме уште поубави и покорисни текстови
Предраг Стојковски
Печатна грешка 🙂
Поздрав и продолжете да не пратите!