Од неговото лансирање во почетокот на 1950 година, Volkswagen Westfalia Camper е икона на авантуристички патувања и животен стил. Неговото произвозводство беше прекинато во 2003 година, но д-р Хајнц Јакоб Нусер, член на управниот одбор на Autocar, минатата недела изјави дека компанијата наскоро ќе представи концепт за VW комбето со кој ќе го претворат ова култно возило во електрично возило.
Нусер откри дека дизајнот на концептот за комбето вклучува мал електричен мотор кој ќе ги напојува предните тркала, со батерии складирани под подот. Што се однесува до неговиот стил, Volkswagen е внимателен да го задржи неговиот класичен изглед, коj ќе ги вклучува трите клучни елементи: прво широк и цврст Д-столб, второ коцкестата форма од централниот дел и трето задниот дел мора да има многу кратка настрешница. Растојанието од А-столбот до задниот дел мора а биде кратко.
VW најавуваше неколку различни видови Кампери во последите неколку години, во 2001 година го дебитираа концептот Microbus, а во 2011 година концептот Bulli. И двата концепти обезбедуваат индикации за тоа како најновиот концепт би можел да изгледа. Не е сигурно дека електричниот кампер ќе биде пуштен во производство, но Нусер истакна дека би можеле да влезат на пазарот доколку имаат поволни трошоци.
Извор: inhabitat