Денес ќе Ви претставиме едно едноставно репешение – ладилник кој што не троши енергија а сепак ја обавува својата функција – ги разладува прехранбените производи. Ова е добра идеја за уддалечени викендички или таму кај што немате пристап кон електричната енергија.
Принципот на работење е едноставан, поточно се базира на евапорација. Ладилникот е направен од печена глина. Во себе содржи два мали резервоари со вода еден на горниот и еден на долниот дел. Водата капи низ ѕидовите на ладилникот и додека испарува, со себе ја носи топлината. Ваков мобилен ладилник можете и сами да го направите.
Она што ви е потребно е:
Една поголем сад направен од глина
Една помал сад од глина
Малку песок
Вода
(Морам да признам дека ова полека ми личи на една епизода на скечот од „Топ листа надреалиста – Ѓурине куќне чаролије“)
Прво на дното на поголемиот сад ставете малку песок, така да рабовите бидат израмнени кога ги поставите садовите. Потоа поставете го вториот сад, како што е покажано на сликата и помеѓу ѕидовите ставете песок. Кога сето тоа ќе го завршите, песокот треба да бите добро потопен со вода. Ставете некој пијалок или нешто друго што сакате да изладите и прекријте со ладна крпа. Водата ќе испарува и со себе ќе ја носи топлината а Вашиот пијалок ќе биде ладен. Погледнете го следното видео кое што објаснува како овој уред функционира.
Извор: Ефикасност
One Comment
Игор
„Ставете некој пијалок или нешто друго што сакате да изладите и прекријте со ладна крпа.“
А каде да ја изладиме КРПАТА…
🙂
Зафрканција на страна – супер сте…