На Kickstarters се појави нов проект чија цел е да се направат одржливи, обновливи извори на електрична енргија подостапни за сите од било кога. Најновата иновација на Voltaic Systems, наречена Shine е соларен панел и светилка со USB полнач кој произведува повеќе од 30 часа светлина од ЛЕД светилка со едно полнење. Овој модерен, пренослив и водоотпорен уред има потенцијал да обезбеди извор на енергија секому без разлика на тоа каде се наоѓаат.
Внатрешната батерија на Shine е толку моќна што му овозможува на панелот да работи неверојатни 30 часа со едно полнење- многу повеќе од било кој друг сличен пренослив уред. Светлиот, елегантен дизајн произведува ЛЕД светлина кога е најпотребна. Ова е многу важно за време на некои непогоди кога нема електрична енергија. Кога ураганот Сенди ја зафати територијата каде што се наоѓа базата на Voltaic Systems во Бруклин, Њу Јорк, тие добија идеја да направат поефикасен ресурс кои ќе се користи кога е најпотребен и кога се друго е недостапно. Овој уред не само што може да се користи за време на непогоди, може да се користи и за да се заштеди енергија или кога е потребна дополнителна светлина- без разлика дали е дома или за време на патување.
Над една милјарда луѓе живеат во средини каде што нема мрежи за електрична енергија. Shine има голем потенцијал да ја подобри оваа состојба. Сите луѓе ширум светот можат му помогнат на Voltaic Systems, со донирање на пари преку Kickstarters, да ја донесе оваа иновација во неразвиените предели во Никарагва.
Shine ќе започне да се произведува во ноември, а ќе може да се купи веќе во јануари 2016 година. Првата серија ќе вклучува 2000 Shine панели, цената ќе биде објавена покасно.
Извор: Inhabitat