Македонија е на самиот почеток на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Ефектите на овој процес ќе ги видиме во наредните неколку години. Сите очекуваме намалување на цената на електрична енергија, како и поквалитетно снабдување на истата. Тоа е во теорија, но како навистина ќе биде како што спомнав, времето ќе покаже. Она што ни останува е да ги видиме искуствата на други држави кој што одамна се влезени во овој процес. Едни од првите кој што влегоа во процесот на либерализација се земјите на Латинска Америка.
Спроведувањето на секторската реформа во државите кој што се во развој, беше мотивирано со неопходноста да се задоволи растечката побарувачка на електрична енергија, која што се појави поради забрзаниот стопански развој, како и поради поголемиот раст на жителите во овие држави. Како пречка во развојот на пазарот на електричната енергија беше низок ниво на инвестиции во енергетскиот сектор – енергетиката беше на работ на одржливоста. Во условите на висока инфлација и големиот буџетски притисок, депресираните цени на електричната енергија не обезбедуваа основни средства за одржување на енергетскиот сектор, а плановите за нови инвестиции не беа реални.
Првата држава која што го започна процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија, беше Чиле уште во далечната 1982 година. Десет години подоцна Аргентина го започна овој процес, а потоа и Перу, Боливија и Колумбија. Првиот чекор кој што го презеде Чиле беше поставување на законодавна рамка со посебен нагласок на имотни права. По овој чекор следеше хоризонтално раздвојување на компаниите, воведување на конкуренција во делот на производството и на снабдувањето и на крај формирање на берза. Сите овие чекори беа предуслов за започнување на процесот на приватизацијата која што идеше чекор по чекор без брзање, избегнувајќи ги обидите на политичките притисоци и на манипулација.
До 1991 година електростопанството беше реорганизирано на 11 компании за производство, 21 компанија за дистрибуција и 2 интегрирани компании. До 2000 година дојде до концентрација на капиталот така да во производството работеа 3 компании кој што произведуваа 90% од вкупната електрична енергија. Најголемата компанија „Ендеса“ поседуваше 58% од вкупните производни капацитети и во нејзината сопственост беше најголемата компанија за дистрибуција на електричната енергија. Процесот на раздвојување на производството од дистрибуцијата траеше 18 години.
Другите држави на Латинска Америка, гледајќи го лошото искуство на вкрстената сопственост се обидеа да го избегнат овој проблем воведувајќи ја забраната на вкрстената сопственост. За да се развие што поконкурентен пазар, Аргентина законски го санкционираше оние компании кој што имаа пазарно учество повеќе од 10%. Со овие забрани Аргентина создаде пазар кој што го создаваше 40 производни компании и 20 дистрибутери на електрична енергија.
Извор: IZAZOVI NA TRŽIŠTU ELEKTRIČNE ENERGIJE, автор: др Сања Филиповиќ, др Гордан Таниќ