Мото на саемот “Light + Building“ ќе биди енергетска ефикасност како клучна технологија на новиот енергетски модел. Фокусот ќе биде на индустриски и комерцијални објекти, станбени згради, како и на јавни површини. Покрај енергетска ефикасност, фокусот ќе биде и на така наречени напредни мрежи кои претставуваат клучна енергетска технологија.
Саемот ќе биде ориентиран кон најактуелните трендови во 2012 година, како што се дигитализација на осветлувањето, LED технологија и нови стандарди, интелигентни системи. Покрај овие трендови, вниманието ќе биди свртено и кон згради како зелени централи. Ќе бидат претставени така наречени умни згради, напредни мрежи, умни мерења, Е – мобилност итн.
Поентата на самиот саем ќе биди спојување на високата технологија со врвен дизајн.
На саемот ќе бидат прикажан голем спектар на иновации и на нови трендови во осветлувањето. Исто така ќе бидат прикажани можностите за автоматизација на станбените објекти, како и софтвери за градежен инженеринг.
„Претстојниот саем во целост ќе биде посветен кон енергетската ефикасност и кон напредните мрежи. Во овој контекст зградите имаат голема улога а ние мораме да го припремиме теренот. Сето ова ќе биде презентирано на саемот„ изјави Wolfgang Marzin, претседател и генерален директор на овој саем.
На саемот ќе земат учество преку 2.100 излагачи од преку 50 држави.
„Light + Building“е исто така и најголем светски саем за расвета. На него ќе бидат прикажани иновации од оваа област, со посебен акцент кон дизајнот, како и на декоративната расвета за комерцијални и приватни објекти. На саемот ќе биде претставена LED и ОLED технологија како и развоја на поедини светлосни компоненти.
Паралелно со саемот „Light + Building“ во Франкфурт, ќе биде одржан и Лунимале – најголем светлосни спектакл.
„Light + Building“ саем, претставува единствен форум за светски премиери од областа на архитектура и на расвета кои што се одржува на секои две години.
Повеќе информации на: