Кампањата за локалните избори 2013 станува се поинтензивна. Кандидатите за градоначалничките функции како и советничките листи ги презентираат своите програми. Она што нас не интересираше е да ли овие кандидати и листи имаат некој план за зголемување на енергетската ефикасност во општините и градовите за кој што се кандидираат?
Зошто е енергетска ефикасност битна за општините? Првин, ефектите на мерките на енергетска ефикасност имаат пред се позитивни економско/финансиски ефекти – се намалуваат енергетските трошоци на општините со што се ослободуваат дополнителни средства за инвестирање во други непрофитни области, се ангажираат локалните бизниси за примена на овие мерки со што се намалува невработеноста во општините и за крај но не и помало значаен ефект – намалување на негативните емисии на CO2.
Од овие причини решивме да во неколку наредните недели направиме интервјуа со кандидатите за градоначалничките функции, во врска со тоа што ќе направат во врска со енергетска ефикасност, ако ја освојат власта во своите општини. Почнуваме од Битола, пративме прашање до сите оние кој што се кандидираа за градоначалничката функција.
Првиот пост, почнуваме со господинот Зоран Лазаровски – Паљо, независниот кандидат за градоначалник на општина Битола, а во текот на неделата ќе ги прикажеме и плановите на другите кандидати.
Она што се подразбира, да после победата на изборите, како градоначалник, максимално ќе се залагам за поттикнување на енергетската ефикасност во општина Битола. Покрај, овие работи, максимално ќе се залагам со поттикнување на користење на обновливи извори на енергија – сончева енергија на прво место, како и други видови на чиста еко енергија тамо каде што е тоа можно. Исто така она што треба да се форсира е што побрза гасификација на општината.
Сите што ме познаваат, а ме познаваат скоро 90% од Битолчани, знаат дека си стојам на зборот и знаат дека сум спортист кој што ја сака чистата, еколошката средина за живеење и одлично здравје и здрав живот за сите. Зелени површини што повеќе и заштита на постоечките. Да не ги откривам деталите од мојата програма, но точката за екологија и енергетска ефикасност е доста обемна.