Според техничките прописи кои што важат во сите земји на ЕУ, а кои се однесуваат на заштеда на топлинската енергија и топлинската заштеда во зградите, прозорците со low-e стакло се задолжителни во новите згради. Прозорците со ваков вид на стакло имаат коефициенти на топлинска спроводливост од околу 1,3 W/m2K, што е секако препорака за купување на ваков вид на нови прозорци. Принципот на кој функционира low-e стакло е што на истото се нанесува тенок слој на ванадиум диоксид. Овој слој во зимските месеци во целост ги пропушта инфрацрвените зраци, а во текот на летните месеци го спречува топлинското зрачење низ стаклото. Значи овој слој на ванадиум диоксид има улога на еден вид на филтер.
Овој диоксид со својот хемискиот соста, има однапред одредена граница на која филтерот се активира и таа граница се наоѓа помеѓу 0°C и 70°C. Со примена на ваков вид на стакло, можеме да оствариме големи заштеди – и до 50% на енергија за климатизација.
Предност на ваквиот вид на стакло е и таа што во самиот процес на производство на ова стакло, може да се подеси самиот слој на диоксидот, за посебни климатски подрачја. Разликата во цената помеѓу „паметното“ и обичното стакло е околу 20%, но енергетската заштеда може брзо да ги надомести поголемите трошоци на вложувањето.
Друга предност на овие стакла во однос на обичните стакла е во самочистење. Доколку на ова стакло се постави тенок слој на оксид на титаниум, на самата површина на стаклото ќе се одвива redox – процес, каде органските материи (нечистотии) се разложуваат на CO2 и вода. Но да се вратиме на ванадиум диоксидот. Дебелината на овој слој на диоксид на самото стакло изнесува околу 100 нанометри. Овој слој е отпорен на сите временски услови, единствено што може да го уништи е самото уништување на стаклото.
One Comment
Атанас
Бог да ти дава здраве и всичко най-най за добрите и изчерпателни статии