Погледнете како изгледа одморалиштето на Малдивите кое функционира само со енергија од сонцето.
Новиот луксузен комплекс на Малдивите е скоро отворен и со својата архитектура претставува новото парче рај на земјата. За изградбата на хотелот со пет ѕвезди била задолжена њујоршката архитектонска фирма Yuji Yamazaki Architecture, која соработувала со локалната фирма Design 2000 и италијанската инженерска компанија T&D Water.
Овој мал остров на кој е изграден комплексот може да прими до 100 гости истовремено.
Соларните панели кој се поставени низ целиот комплекс, интегрирани се во архитектурата на објектот и на некој начин се и украс на одморалиштето.
Освен оние кој се изградени на копно, постојат и вили поставени на столбови над површината на водата и до нив се стигнува преку патека. Секоја вила има свој сопствен пристап и влез, а исто така, патеките се направени од соларни панели.