Пегаз! Не тоа е Шарец! Не тоа е магаре со крилја! И тоа не се обични крилја, туку сончеви панели за производство на електрична енергија. Навистина, невообичаен проект реализиран од страна на двајца млади ентузијасти од Франција, проект кој што е реализиран во Кавадарци!
„Ова е можеби чуден проект, поетски и практичен, Во исто време модерен и традиционален, декадентен и прогресивен, неворојатен и будалест“, на ваков начин француските новинари го опишуваат овој чуден проект наречен според митскиот коњ Пегаз, пренесува „Република“.
Додека магарето мирно пасе по кавадаречките ливади, панелите кој што се поставени на него произведуваат електрична енергија, која што се складира, а жителите на околните места слободно можат да си го дополнат мобилниот телефон, батериите, радио апарати и слично.
Магарето е позајмено од фармерот Ангел, кој што досега магарето ко користел за вообичаените работи пренесување на дрва и други потешки работи.
Комплетната приказна за оваа магаре можете да прочитате на следниот линк