Домашните, но и странските компании сакат да градат мали хидроцентрали во Општина Ивањица, кеде што постои преку 80 локации за изградба на истите. Имено Оопштина Ивањица, има најголем потенцијал за изградба на мали ХЦ во цела Србија. Поради тоа, голем број на инвеститори ги обикулваат локациите каде што е можно да се изградат централите.
Ни во локалната самоуправа не седат со скрстени раце. Тие веќе припремиа планска документација за изградба на 80 мали ХЦ, со вкупна инсталирана моќност од околу 50 мегавати. Неискористени киловати течат низ локалните реки како што се: Моравица, Грабовица, Студеница…итн. Уште пред 30 години е напраен катастар за потенцијалот на овие реки, кеда е предвидено 80 локации изградба на мини ХЦ, но дури сега дојде време за реализација на планот.
До сега локалната самоуправа има потпишано инициални документи со 3 компании, за формирање на заеднички компании кои ќе го искористат енергетскиот потенцијал на реките. Инаку во Србија работи 31 мини ХЦ, со инсталирана моќност од вкупно 34,6 мегавати и годишно производство на 150 милиони киловати на електрична енергија.