Механичар од Бразил, пронајде начин како да го осветли својот дом, без користење на електрична енергија. Алфредо Мосер, користи пластични шишиња кој што се исполнети со вода и со малку варикина. Со ваков начин тој од 2002 година ги осветлува своите простории, а се поголем број на неговите сонародници го користат овој метод.
Се проценува дека овој систем кој што се базира на рефракција на сончевата светлина, ќе се инсталира во околу милион домаќинства до крајот на 2013 година.
Пластичните шишиња кој што ги фрламе се исполнети со вода која што е обогатена со малку варикина. Варикината не „му дава“ на водата да ја добие зелената боја кога е под влијание на сончевата светлина. Светлината која што се добива на ваков начин е идентична на светлината која што се добива од светилката со инсталирана моќност од 40 – 60 вати.
Почетната идеја Алфредо ја доби од својот директор кој што предложи да се искористат шишињата со вода кој што би се искористеле како сочиво за да ги насочи сончевите зраци за да ги запали гумите во случај на прекин на електрична енергија. Понатаму Алфредо ја усоврши оваа идеја.
Но овој изум не е монетизиран – поточно Алфредо денес не е милионер. Тој од својоата иновација заработи неколку долари поставувајќи ја својата иновација кај своите комшии и пријатели.
Извор: Б92