Ќе ми верувате ли ако ви кажам дека во овој опортунистички свет, некој решил да измисли машина за перење алишта на педала?
Големите компании постојано ги поскапуваат нивните производи, средствата за живот стануваат се помали, а трошоците се поголеми. И токму во еден сиромашен свет без струја и вода налик нашите подалечни села се роди идејата…
Студентите по дизајн Alex Cabunoc и Ji A You од Art Center колеџот за дизајн во Лос Анџелес ги посетија зааборавените села на Cerro Verde, Peru како дел од проектот за креирање на евтин производ кој би помогнал онаму каде има недостаток на вода.
Таму тие беа сведоци на секојдневието на селаните кои живеат без струја и вода. На жените им бил потребен цел ден само за да исперат една машина алишта, бидејќи се перат рачно, а вода црпат од подалечниот селски бунар. Исто како во нашите мали селца…
После неколку месеци минати во тестирање на различни дизајни, тие ја создадоа GiraDora, машината за перење алишта која наликува на огромно буре за кисела зелка и работи на една педала која се наоѓа на дното. Значи за неа не е потребна струја. Ги ставате алиштата, детергент, вода, и си седнувате врз бурето (за рамнотежа), може да го наместите и пред телевизорот бидејќи има перниче за седење и алиштата се перат додека вие ја притискате педалата.
GiraDora машината за алишта дури ја закочува педалата кога перењето е готово, и тоа е знак да започнете повторно да стискате на педалата за да ги исушите испраните алишта. Да, тоа значи дека машината е за перење и сушење…:)…
Дечките кои ја измислија и дадоа и уште поактуелна цена, 40 долари. Направија и документарен филм за нивното неверојатно патешествие и инспирација.
Во време кога ни поскапуваат нужните работи потребни за живеачка, ваквите изуми се вистински реален спасувач на животи. Долу го имате и промотивното видео за GiraDora машината…а оставаме на вас да се решите дали ќе перете на струја или на нога….:)….Од нас…бравос за дечките….
Извор: Бамби бригада