Фабриката за производство на автомобили „Застава“, званично престана со работа пред 5 години. Автомобилите кој што се произведени во оваа фабрика се уште се возат по нашите патишта, но тие модели полека стануваат дел на историјата. Еден од моделите кој што излезе од оваа фабрика и кој што е симбол на автомобилската индустрија е моделот „Застава 750“ или познатиот „Фиќо“.
Овој модел му послужи на младиот Ренато Мршиќ, ученикот на Електро индустриско училиште во Ријека, како матурска задача – поточно тој го преправи стариот „Фиќо“ со вградување на електричен погон.
Во оваа преправка, младиот Ренато вложи околу 2.000 работни часови а неговите родители вложија околу 15.000 куни (околу 2.000 евра). Добиените резултати не се спектакуларни – автономијата во возењето при брзина од 50 km/h изнесува околу 20 километри. Полнењето на батериите изнесува 24 часа.
Но овие резултати не се толку битни кога се земи во предвид дека се работи за дело на еден млад ученик кој што на располагање имаше ограничени средства и дека вкупната работа ја направи во својата приватна работилница. Се подразбира дека младиот Ренато ја доби оценка највисоката за својата матурска задача.
Извор: .efikasnost.org/
One Comment
ismail
bravo. Ova e spored tekstot vo “Uradi Sam” od 1981 koga inzinjer Safranko od Zagreb go proizvel negovoto elektricno Fiko. Pominuval 100Km za cenata na “Solja Kafe”