Метан – хидрат се сè почесто спомнува како супстанца со голем енергетски потенцијал и голема економска исплатливост.
Во последно време фокусот на енергетските истражувања се насочени кон истражување на нови извори на нафта и гас кој што се добиваат од маслодајните шкрилци. Но сега се спомнува и метан – хидрат како супстанца со поголем енергетски потенцијал и со прифатлива економска исплатливост.
Хидрат на метанот има структура на „салата“: смрзнатите молекули на вода се околу метанот и формираат невообичаено парче на лед. Но кога го приближите кибритот овој лед почнува да гори. Каноко Филипс во својата лабораторија на Арктик се обидува да го пронајде најдобриот начин на експлоатација на овој материјал.
„Геолозите се возбудени поради овој хидрат поради начинот на кој што смрзнатата вода го заробува метанот и го складира неговиот енергетскиот потенцијал.“, изјави професорот на геолошки науки на Универзитетот во Тексас Питер Флемингс. Освен ладните временски услови за формирање на овие хидрати, потребен е и висок притисок, па од овие причини, оваа супстанца може да се пронајде под седименти на длабоките води на Арктик. Администрација за енергетско информирање (EIA) проценува дека метан – хидратот содржи повеќе јаглерод отколку сите други фосилни горива.
Извор: Б92
Извор на сликата:https://www.nowthisnews.com/news/burning-ice-methane-hydrate-fuel-future/