На самиот почеток да го потенцираме проблемот на неинформираноста на луѓето кој што е присутен на нашиот пазар, во поглед со прашањето: Што е камена волна, сто е стаклена, а што минерална волна? Вината можеме да ја прикачиме кон авторите на поранешните стандарди JUS.U.J5.600 кој што направија посебни категории – минерална и стаклена волна. Имено под минерална волна подразбираме: стаклена, камена и волна на база на чакал. Кај сите овие производи основната суровина е минерал кој што како и самото име на производот вели, се кварц (рециклирано стакло како основна суровина) и варовник. Кај камената волна основната суровина за добивање на овој материјал претставуваат минерални стени: базалт, доломит, дијабаз….Според европската класификација, третиот производ во категорија на минерални волни е волна на база на чакал (остатоци од согорување на минерални горива).
Ваков вид на категоризација може да се најде на сите сајтови на големи европски производители на минерална волна во Европа – Урса, Исовер, Кануф, Роквол…. Како потврда за ова, можете да ја погледнете категоризацијата на сајтот на европското здружение на производители на термо изолациони материјали – EURIMA.
Друга работа, која што се секојдневно сретнува на нашиот пазар е заблуда во врска со ракувањето и со вградувањето на материјалите од минерална стаклена волна, поточно дека директниот контакт со овие материјали може да се појави иритација на очите, кожата слузницата на носот и устата, па поради овие иритации мора да се користи заштитна опрема во текот на производство, транспорт и вградување на овие материјали. Ваквите предрасуди се последица на примитивното производство во поранешната СФРЈ. Имено уште во поранешната држава се произведуваше минерална волна – камена и стаклена. Процесот на производство беше солиден и производите поседуваа релативно добри основни карактеристики.
Меѓутоа стаклената волна која што се произведува од почетокот на 80-тите години на минатиот век во Скопје, која што се пакуваше во вреќи – што поради квалитетот на технологијата делуваше како пакување на стакло во вреќи. Вакви производи поседуваа дебели, остри, необработени влакна, која што во процесот на вградување предизвикуваа греботини, иритации и слични непријатности. Ваков вид на стаклена волна останаа во негативно сеќавање на нашите граѓани . Нашиот пазар беше долго време беше затворен за ваков вид на изолација, а во исто време во Европа и во целиот свет интензивно се работење на нова технологија за производство на минерални волни.
Сите минерални волни, зад себе оставаат одредена прашина. Тоа е една од основната карактеристика на овој материјал и користење на заштитна опрема е нешто што се препорачува, но не е обврзувачки. Денешниот технолошки процес на производство на минерални волни е до тој ниво софистициран, да нивото на прашина е намален на минимум, а во самата основа на овој производ се додаваат посебни масла, која што и да се случи кршење на влакното, ќе ги задржи остатоците на влакното во рамките на плочата.
Автор: Влада Безбрадица
Извор: Build magazin