„Зелениот дизајн„ на зградите станува се повеќе популарен, но сепак и понатаму постојат предрасуди кои ги одбиваат градежниците од одржливиот дизајн. Френк Хармон, еден од првите архитекти кои го прифатија концептот на „зелениот дизајн“, ги разоткрива предрасудите.
- Зелените згради бараат комплицирана технологија за да се изградат
Вистина: Најбитната одржлива одлука која ја донесуваме за која било зграда е нејзината ориентација. Поточно како е ориентирана кон сонцето поради природното осветлување, како е поставена кон ветровите поради природната вентилација. Тоа е клучен принцип на одржливиот дизајн. Не бара посебни алати и технологии.
- За одржливи згради потребни се скапи, невообичаени материјали
Вистина: Обични материјали кои се локално произведени и нивното користење без отпад, ја креираат одржливата зграда. Тука нема нова технологија ниту нови материјали.
- Одржливите згради се скапи
Вистина: Одржливи згради не се скапи, ниту се поскапи од „обичните“ згради, ако ги почитуваме правилата на правилната ориентација на зградите и на користење на адекватни материјали. Користењето на природната вентилација и природното осветлување е заштеда сама по себе. А ако поставите соларни колектори за топла вода и соларни фотонапонски ќелии, ќе заштедите и на електрична енергија.
- Одржливите згради се чудни
Вистина: Одржливи згради се поосветлени и не се ништо почудни ниту поразлични од други згради. Дури и некои постари згради се градени според принципите на „зелениот дизајн“.
- Ќе изградам одржлива зграда, меѓутоа тоа нема ништо да промени.
Вистина: Апсолутна вистина е тоа дека од вкупната енергија што се троши во С.А.Д., 40% се однесува на згради (станбени објекти). Тоа е повеќе од потрошувачката на енергија на комплетниот транспортен систем во С.А.Д. Зградите исто така трошат 30% од вкупната санитарна вода и 30% на производите од дрво. Така што, ако сакате нешто да смените, зградите се најдоброто место од каде да почнете!
Извор: блогот на Френк Хармон