Мината недела, пишувавме за амбициозниот план на Лесковац да го смени старото улично осветлување, а денес ќе пишуваме за младите средношколци од овој град.
Имено учениците на техничкото училиште во Лесковац, го започнаа производството на панел плочи за соларно греење. Учениците ќе имаат практична настава и во целост ќе ја запознаат технологијата на производство на сончевите колектори и панели, а од друга страна училиштето ќе ги намали своите енергетски трошоци, користејќи ја сончевата енергија.
Изработката на првата панел плоча за греење е пред крај. Во работилницата на техничкото училиште е вистинска работна атмосфера. Дваесет ученици од машинска и електротехничка насока, научените лекции ги пренесуваат во пракса. Изработените панел плочи ќе биде нивна дипломска работа.
„Практичната работа, многу ни значи, бидејќи понатаму ќе знаеме сами да работиме, да поставуваме сончеви колектори и да инсталираме систем за греење.“ Вели Александар Нешиќ, ученик на оваа училиште.
Сите делови се конструираат и монтираат под надзор на професорот Зоран Атанасковиќ, кој што ја предложи идејата за изработка на сончевите панели. За почеток ќе се направат три сончеви панели, кој што ќе бидат поставени на кровот на училиштето.
„Бидејќи, школото нема систем за користење на топла вода, дојдовме на идеја да со минимални инвестирања поставиме сончев систем за производство на топла санитарна вода која што е битна за самото здравје и хигиената на нашите ученици и професори.“, изјави професорот Зоран Атанасковиќ.
Со финансиската помош на градот, техничкото училиште ќе произведе сончеви панели кој што ќе се искористат за догревање на училиштето.
„Нашето училиште во текот на грејната сезона троши околу 60.000 литри на мазут. Пресметките кој што ги направивме ни покажаа дека сончевиот систем ќе ни донесе заштеди од минимум 20.000 литри на мазут. Еден литар кошта околу 100 динари, што значи дека за една грејна сезона ќе заштедиме околу 2.000.000 динари (≈18.000 евра).“, изјави директорот на училиштето Славољуб Станојевиќ.
Извор: rts.rs
One Comment
Pingback: „Сибирски прозорец“ од Лесковац!