Со растот на цената на горивата, многу луѓе бараат алтернативни решенија. Предизвикот кој се исправа пред многу од овие алтернативи, особено кога станува збор за гориво за милионски вредни летала, е што мора да се вклопи во сегашниот модел на работа. На слична тема сме пишувале и претходно (Од индустриски отпад до гориво за авиони, „Зелени“ авиони).
Две компании можеби го пронајдоа решението во форма на гориво направено од биомаса. Не само што овие две компании создале гориво за млазни авиони, туку истото гориво ги поминало сите ригорозни тестови на американското воено воздухопловство. Станува збор за Virent и Virdia, фирми кои се занимаваат со откривање на нови обновливи и еколошки чисти видови на гориво. Секоја од нив е специјализирана за по еден сегмент од процесот на создавање на млазно гориво од биомаса.
Како функционира овој процес на претворање на бимасата во авионско гориво?
Компанијата Virdia е специјализирана за трансформација на биомасата. Таа ги претвора метријалите кои потоа други компании ги користат за правење гориво. Во овој случај, Virdia зема одредена количина целулоза и преку низа на операции на ектракција и сепарација ја претвора суровината во висококвалитетни шеќери (јаглехидрати). За потребите на овој процес се користи суровина од бор.
Откако еднаш оваа суровина ќе се претвори во јаглехидрат, работата ја презема Virent, која се фокусира на развојот на крајниот производ, а тоа е авионското гориво. Во овој дел од процесот, биомасата, од хидрокарбонати што содржат кислород и растворливи во вода, се претвора во безкислородни хидрокарбонати.
Овој последен дел од процесот се користел и во минатото за создавање други хемикалии и горива. Меѓутоа, целокупната соработка е она што овозможува производство на млазно гориво во овој случај. Можноста за директно користење на ова гориво без никакви прилагодувања на системот е она што го прави особено привлечно.
Уште повеќе, не само што ова гориво работи, туку ги помина и строгите воени тестови, па дури и го надминало конвенционалното гориво во некои аспекти.
-Ова гориво ги помина воените тестови со строги барања како на пример температурна стабилност и се покажа одлично во некои услови под кои конвенционалното гориво паѓа на тестот. Дефинитивно ова гориво заслужува понатамошен развој – вели Тим Едвардс од Истражувачката лабораторија на Военото воздухопловство на САД.
Сè на сè, изгледите за добивање на авионско гориво од обновливи извори стануваат сè подобри со овој проект. Дали борот ќе биде главниот извор или само една од многуте суровини, останува да покажат понатамошните истражувања.
One Comment
Александар
Доколку поседуваш јаглеводороди (анеоробни деривати на јаглен) многу лесно можеш да добиеш керозин, дури и од обичен зејтин.
Потребен е притисок и топлина (околу 600 степени целзиусови и не сум сигурен ама некаде околу 15 километри воден столб – така го паметам зашто такви пресметки ми требаа)
Разликата е во структурата на молекулата, полимерот наместо како стапче е во форма на круг.