Со исполнување на квотите за субвенционирано производство на електрична енергија од сончева енергија кај дел од јавноста заинтересирана за ваков вид на проекти се јави сомнежот дека бизнисот со соларни системи полека се затвора. Сепак, реалноста е дека и кога имаше сеуште лиценци за овластени производители на електрична енергија од соларни системи истите не беа достапни за секого и државата не беше подеднакво наклонета кон сите баратели. Во продолжение неколку бизнис идеи за инвестирање во соларна енергија за кои веруваме дека се со голем потенцијал и се економски оправдани. Она што е заедничко за сите бизнис модели презентирано подолу е што не зависат од благонаклонетоста и ефективноста на државната администрација туку од потребите на пазарот и економските текови.
– Напојување на Базни Станици
Иако покрај Фотоволтаици еден таков систем обично доаѓа во комбинација со ветерница и батерии за складирање на произведената енергија, фотоволтаикот може да се смета како основа. Денес добар дел од базните станици кои ги користат телекомуникациските компании се вон мрежа и се напојуваат со дизел агрегати. Ако се земи во предвид потрошувачката која ја имаат дизелагрегатите, галопирачката цена на нафтата и трошоците за одржување на истите јасно е зошто еден хибриден соларно/ветерен систем се смета како добра економски исплатлива идеја. За пример е базната станица на Sun Wireless која се наоѓа близу Струга која за своите потреби користи два фотоволтаици и една мини ветерница. Сумаризирано идејата е производство/продажба на електрична енергија за потребите на базни станици.
-Продажба на електрична енергија за потребите на мало стопанство.
Ако се земи во предвид индустриската цена на струјата која е двојно поголема од онаа што ја плаќаат домаќинствата производство на електрична енергија со помош на соларни постројки полека станува економски исплатливо. За продажба на електричната енергија на правен субјект нема потреба од дозволи и администривни лавиринти во кој се имаат изгубено доста проекти. Се што е потребно е обезбедување на простор за панелите и батериите и договор со субјектот на кому ќе му се продава произведената електрична енергија.
– Соларна енергија за напојување на пумпи за наводнување.
Моментално во Македонија добар дел од обработливото земјиште не е покриено со мрежа за наводнување при што оние кои го обработуваат тоа земјиште мора да се снаоѓаат како умеат или да се молат да биди врнежлива годината. Добар дел од тие земјоделски парцели се наводнуваат од бунари, околни реки или мини езерца за што имаат потреба од пумпи за црпење на водата. Едно од поинвентивното решенија е со примена на фотоволтаици во комбинација со пумпа. Ако се земи во предвид дека со ипард програмата се покрива до 50% една ваква инвестиција, повеќе не е прашање дали се исплати или не се исплати еден ваков систем.
– Производство/продажба електрична енергија на планинарски домови, викендици, хотели.
Денес има голем број на објекти кои се вон домет на електричната мрежа или на кои за приклучок им се бара голема сума на пари. Така еден соларно фотоволтаичен систем може да се покажи како најдобра метода за снабдување со чиста енергија која не ја загадува околината. Ако се земи во предвид дека алтернативата на еден ваков систем се дизел агрегатите кои чеосто знаат да бидат бучни и при тоа да ја загадуваат околината јасно е зошто соларната енергија е добра солуција. Мора да се спомене дека и сите оние мини мотели кои се приклучени на мрежа плаќаат индустриска цена на струјата, така да и кај нив тој праг на исплатливост на една ваква инвестиција е доста блиску. Добар пример е викендичката во Битола која е вон мрежа а која за своите потреби користи само обновливи извори на енергија.
2 Comments
Звонко
Од моето едногодишно искуство со монтирање на вакви мали соларни системи , скоро низ цела Македонија , можам само да кажам дека СЕ ИСПЛАТИ и тоа како…
Местата на кои инсталирав мали системи претежно беа викендички , кои поради неможноста да се приклучат на мрежата на ЕВН , прибегнаа на вакво решение .Тоа се покажа како поевтино уште во старт преку неплакање на приклучок на ЕВН ,а потоа заштеда преку бесплатната струја.
На многу места цената што ја платија беше неколкукратно помала од таа за носење на приклучок од подалеку .
Друго место беше за напојување на антенски систем за безжичен интерент на две места. Потоа куќа во Штипско , каде како пробно поставивме 4 панели ова лето , со намера напролет да се постават 20-30 панели и да се задоволи комплетната потреба за струја за таа куќа.
На неколку штали се исто поставени панели .
Се на се , монтирањето на вакви системи допрва следува зошто со оваа цена на приклучоците , инертноста на ЕВН и цената на струјата , монтирањето на соларни фотонапонски панели е корисен и исплатив бизнис.
Поздрав и секое добро
Spaso Boziov
Jas Spaso Bozinov graganin na R.Makedonija sum zaenteresiran za ovoj biznis i baram poveke informaci ako mozete da mi objasnite.
vi blagodaram.