Минатата година објавивме неколку текстови за тоа како да ја елиминираме мувлата во нашите домови, зошто се таа појавува и слично. Како е летото време на варосување, решив да објавам уште еден текст за тоа како да се спречи појавување на мувлата во нашите домови. Текстот е преземен од српскиот интернет сајт buil.rs.
Мувлата спаѓа во фамилија на габи, се јавува во повеќе варијанти и се јавува како во секое отворено така и во секое затворено опкружување. Мувлата е природен и неопходен дел на секој екосистем во кој што живееме. Мувлата има и позитивни ефекти, но постојат и оние видови на мувла кој што можат да предизвикаат здравствени проблеми, се подразбира доколку им дозволиме да се рашират во нашето животно опкружување.Бидејќи мувлата може да ослободи штетни органски елементи, да произведува алергени и воопшто да има негативно влијание на квалитетот на внатрешниот воздух на секој објект, развојот на мувлата може негативно да влијае на станарите. За да се одржи здрав амбиент во просториите, битно е да се ублажат и да се спречи развој на мувлата во внатрешните простории. Доколку почнете да пребарувате информации поврзано за мувлата во становите, ќе бидете преплавени со огромно количество на различни информации – обично пребарување на Google ќе Ви открие повеќе од 40 милиони податоци (на англиски јазик). Имајќи го овој факт во предвид, можеме да заклучиме дека е тешко да добиеме јасна слика за тоа што е тоа мувла и она што е битно треба да одвоиме она што е битно од онаа што е небитно кога се работи за превенција и елиминирање на мувлата.
Кој е се загрозен?
Како што веќе рековме во уводот мувлата може да предизвика здравствени проблеми. Осетливоста на поединците варира, така да не постои одредена граница дефинирана од страна на властите. Според „Центарот за контрола на болестите на С.А.Д“(CDC – Center for Disease Control) голем дел на популацијата нема никаква реакција на „нормални“ количества на мувла. Меѓутоа постои одреден дел на популацијата која што покажува висок степен на реакција слично или исто како оние кој што имаат алергија на полен. Децата, постарата популација и луѓето со ослабен имунитет можат да бидат поосетливи на мувла. Во последно време се појавува термин – „Токсична мувла“. Агенцијата за заштита на човековата средина на С.А.Д. (EPA) и CDC велат дека во моментот нема адекватни научни докази кој што ја поврзуваат мувлата со екстремните болести.
Погрешна перцепција на луѓето
Постои голем број на погрешни мислења поврзана со мувлата, а една од нив е дека присуството на хартијата, дрвото и на други органски материи ја зголемува веројатноста на појавата ма мувлата во објектот. Но всушност, мувлата може да расте на секаква подлога каде што постои прашина, нечистотија или на која што постои можност на акумулација на органска материја. Значи покрај хартијата, дрвото и стаклото, металот и слично. Од ова можеме да заклучиме дека присуството на органските материи не е клучно за појава на мувлата туку неправилното управување со влагата и влажност на воздухот во зградата.
Генерално за развој на мувлата потребни се три фактори: спори на мувла, влага и извор на храна (за мувлата). Спорите на мувла се наоѓаат секаде. Исто така зградите се изградени и опремени користејќи широк спектар на органски материи кој што можат да бидат храна на мувлата. Значи единствена ефикасна стратегија за контрола на мувлата е контролирање на влагата.
За да ја намалите веројатноста на појавата на кондензацијата во населените објекти, затворената релативна влажност на воздухот треба да се одржува на ниво помеѓу 30 и 60%. Просториите како што се купатилата, кујните, тоалетите, сушарите….треба да бидат добро вентилирани (механички или по природен пат) и исто така користете ги климатизерите и респираторите.
Изолација на надворешните ѕидови, покривот и слично битно за зголемување на енергетската ефикасност, на овие површини може да се развие мувла доколку самата изолација не се постави на адекватен начин. За да се намали потенцијалот на кондензација на ладните површини, битно е да се постави добро запечатена воздушна пречка и ретардер на влагана на потоплата внатрешната страна на ѕидот или покривот, за да се блокира внатрешно влегување на влагата.
Од каде ни доаѓа влагата?
Течења и поплави: Мувлата се поврзува со големи количества на вода. Неисправен водоводен и канализационен систем може да предизвика појава на мувла. Ова се случува поради неправилната инсталација на истите и поради неодржувањето на компонентите на овие системи. Малите неправилности можат да донесат големи проблеми. Системите за наводнување кој што ги имаме во нашите бавчи треба да бидат поставени подалеку од надворешните ѕидови на објектот. Куќите, доколку се погодени од поплава или од страна на друг вид на пробивање на вода, треба да бидат осушени во рок од 24 – 48 часа, доколку е тоа можно.
Кондензација: Сите сме запознаени со кондензацијата на водената пареа на ладниот пијалак во текот на топол летен ден. Истото може да ни се случи на прозорците во текот на зимските денови, но и на ладната водоводна цевка или на каналот за климатизација во топла влажна клима. Доколку не ја контролираме оваа кондензација може да се акумулира и да создаде идеални услови за развој на мувлата.
Продор на воздух: Кога ветерот дува кон објектот, воздухот може да помини низ ситни дупки на обвивката, околу вратите и прозорците, како и преку електричните приклучоци. Доколку постои голема разлика помеѓу внатрешните и надворешните температури, водената пареа може да се кондензира зад ѕидната обвивка. Еднаш кога водата се собери мувлата може да расте.
Без разлика на тоа од каде доаѓа водата, истата треба да се елиминира во најкус можен рок.
Производи отпорни на мувла
Постои голем интерес за производи кој што се отпорни на мувла. Она што треба да знаете е дека овие производи не се чудо и дека овие производи ќе ја елиминираат мувлата. Производите отпорни на мувлата обезбедуваат дополнителна заштита, како дополнително осигурување а не како примарна линија на заштита. Овие производи не се замена за адекватен систем за вентилација, адекватно одржување и слично. Во овие производи спаѓаат одредени гипс плочи и ѕидни облоги.
Само технологија на „чиста соба“ кој што се обично користат во високотехнолошко производство и во научно истражувачки центри, можат во целост да ја елиминираат мувлата од просторијата. Примарна одбрана на овие соби се системи за контролирање на влажноста на воздухот во самата просторија.
Други потенцијални проблеми
Влажната средина, покрај пробивањето на водата, поттикнува раст и развој на грињи и бактерии, а исто така може да привлечат инсекти, глувци и други штетници. Покрај тоа влагата ги оштетува градежните материјали и го намалува животниот век на објектот. Сето ова значи дека проблемот со влагата мора озбилно да го решаваме.
Сува зграда превентивно делува на појава на мувла и во исто време создава пријатна и здрава средина за живеење. Сувата зграда има поголем животен век и има помали трошоци за одржување.
Извор на тексот и сликите: Kako sprečiti pojavu buđi u objektima