Иако по големина мала, општината Зрновци е многу амбициозна општина. Имено минатата недела на кровот на ОУ „Синиша Стоилов” беа инсталирани соларни колектори за топла вода. Но тоа не е крај на амбициите на оваа општина. Во таа насока зборуваме со градоначелникот на општина Зрновци, госп. Блаже Станков.
Што ве поттикна да ги инсталирате сончевите панели за производство на електрична енергија на кровот на ОУ „Синиша Стоилов”?
Здружението за рурален развој Јавор од Зрновци во соработка со општина Зрновци и ОУ Синиша Стоилов го имплементира проектот за поставување на сончеви панели на покривот на училиштето. Овие активности се во корелација со нашите заеднички определби за заштеда на енергија и искористување на обновливите извори на енергија. Општината Зрновци веќе има изготвено и програма за енергетска ефикасност.
Која е инсталираната снага на панелите и кои потреби ќе ги задоволуваат? (во смисла да ли електричната енергија добиена од овие панели ќе биди доволна за потребите на осветлувањето, компјутерите …и слично)
Поставени се вкупно 24м2 панели со бојлер од 1500 литри. Намената на топлата вода е двојна: користење на топла вода за потребите на спортската сала која е во дворот на училиштето и топла вода за парното во училиштето (дозагревање на водата). Очекуваме за една година да ги имаме и првите емпириски резултати за заштедата.
Покрај овој проект, да ли општината Зрновци има реализирано некои други проекти од областа на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност?
Општината е во подготовка на проект за пробно искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија. Во план сме да поставиме панели за осветлување на плоштадот и селскиот парк. Според програмата за енергетска ефикасност општината веќе имплементира активности во насока на замена на старите живини со нови економични светилки за уличното осветлување.
Општината Зрновци е позната како претежно рурална општина. Од таа насока колку и дали се користи биомасата како еден вид на обновлив извор на енергија?
Источно планскиот регион минатата година има изработено и студија за искористување на био масата како извор на енергија па во план сме детална анализа на студијата и подготовка на предлог проект во оваа насока. Можна е соработка со фирмата БМФ во вид на ЈПП за искористување на лушпата од ориз која оваа фирма ја има како нус производ од својата дејност – фабрика за луштење на ориз.
Ко се плановите на општината во поглед на енергетската ефикасност и на искористување на обновливите извори на енергија?
Капацитетот на општината Зрновци како мала и рурална општина е доста мал но во иднина ќе се обидеме да работиме на неколку главни приоритети:
– кампања за енергетска ефикасност, соработка со ОУ Синиша Стоилов, бизнис секторот, земјоделците и граѓаните,
– намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување и загревање на просториите
– изнаоѓање на финансиски средства за имплементација на пилот проекти од областа на енергетската ефикасност
– општината има идеја да направи кампања и подготви проект каде домаќинствата од општината ( ги има околу 1100 вкупно) постават системи за топла вода. Со ова би се постигнале поевтини цени за системите а општината би била лидер во искористувањето на овој благодат од сонцето.