Дизајнерот Lance Cassidy го претстави концептот AERO E кој ја користи силата на ветерот за полнење на батеријата на мобилните телефони.
Неодамна претставениот концепт може да го револуционизира начинот на кој ги полниме мобилните.
AERO E се темели на два спротивно поставени пропелери кои ги придвижува силата на ветерот. Овој механизам е прицврстен на стаклена површина додека од другата страна на стаклото се наоѓа другиот дел од уредот кој преку електромагнетна индукција прима енергија од надворешната страна.
По воведувањето на овој концепт се поставува прашањето дали постојат производители кои ќе сакаат да инвестираат во овој производ.
Во секој случај, оваа навидум многу едноставна идеја има голем потенцијал да го освои големиот пазар на мобилни телефони, и секако да заштеди.
Преземено од: КАНТАР