Ветерниците се прилично едноставни машини кои се придвижувани од енергијата на ветерот. Во минатото ветерниците се користеле за претворање на енергијата на ветерот во механичка која потоа се користи за мелење на жито или за пумпање вода. Денес ветерниците се употребуваат за претворање на енергијата на ветерот во моментално најкористената енергија, електричната.
Ветерниците кои се правеле во минатото можат да се направат со едноставни алати и материјали и со мали познавања. Денешните големи турбини за производство на електрична енергија се софистицирани, направени од најмодерни композитни материјали и се доста скапи.
Зошто тогаш би правеле своја ветерна турбина? Затоа што кога се работи за турбина од помали размери и трошоците се мали. Сè што ви треба е желба, способност за ракување со алати и секако, самите алати. Ако ги немате не се секирајте, секогаш се тука комшиите :). Во овој напис ќе ви претставам кратко упатство за изработка на ветерна турбина која ќе ви ја намали сметката за електрична енергија во задоволителна мера.
Цената на вашата ветерна турбина, како и нејзиниот капацитет ќе зависи од материјалите кои ќе ги користите, а нивниот избор го оставам целосно на вас.
Пред да почнете…
Прво што мора да направите пред да се фатите за алатите е да ги процените вашите просторно-временски услови. Не, не мислам на просторно-временскиот континуум од „Враќање во иднината“ :). Мислам на просторот со кој располагате – дали вашиот двор е голем или мал, дали воопшто имате двор, дали планирате да ја поставите вашата ветерница на покривот… Исто така, битно е дали живеете во густо населена област, во приградска населба или во рурална средина. Но она што е најбитно во сето ова се временските услови, односно дали во вашата околина има доволно ветер и колку често. Не би била ветерна турбина ако не работи на ветер, нели?
Втора работа на која мора да обрнете внимание е буџетот со кој располагате. Ако имате доволно пари да вложите во поскапи материјали кои се и поефикасни, одлично. Но не се разочарувајте ако имате само 200 евра, и со нив можете да „закрпите“ пристојна ветерна турбина. И онака не планирате да ја снабдувате цела населба, ова е само за намалување на вашите трошоци.
Последна, но подеднакво битна работа која мора да ја запазите е безбедноста. Советувајте се со стручни лица, ќе ви помогнат да одберете безбедни материјали и локација. Разговарајте и со соседите доколку ги имате, сè со цел да нема несакани последици.
Откако ги презедовте овие мерки на претпазливост, време е за вистинска работа. Прво нешто што треба е да се направи листа на потребни материјали.
(Продолжува)
2 Comments
aleksandar nacev
Me interesira postavuvanje na mala veternica za nadopolnuvanje na akumulator od kola za osvetluvanje so led diodi otprilika okolu 3 rasvetlni tela ako moze i nekoj nacrt
Спсо Донев
За рационално искористување на средна брзина на ветеот околу 8м. во секунда е пожелно да се има 8 квадратни метра на вградените крила или ,,перки,, кои што за 1 секунда ќе направат еден вртеж, а редуцираниот пренос ќе направи 20 вртежи на алтернаторот за 1 секунда за да може алтернаторот да почне да произведува струја. Тоа е најосновното што треба да се има на ум кога се сака да се направи едноставна, рационална ветерница, а понатаму следуваат повеќе технички изработки за постигнување на замислата. Денес постојат по софистицирани ѓенератори за производсто на струја кои работат и на по мал број вртежи во секунда и истовремено создават значително по мал отпор при произведувањето на ел. енергија, а со тоа се добива во големината на перките и потребната брзина на вртежи. Еден по тежок проблем е материјалот за изработка на крилата. Како нај идеално би било тоа да е пластиката која е лесна, отпорна на влага и еластична. Број на крилата можат да бидат 3, 4 , 6 по желба и прецизно избалансирани. Тоа се основните начела, а за понатаму следуват многу други технички решенија што треба да се вградат за кои е потребно повеќе работа и заложба и пари од колку на прв поглед ни се чини. Тоа јас го велам од мое искуство…