Квалитетот на воздухот е голем проблем за поголемите градови низ Македонија. Со исклучок на мерната станица за мерење на воздухот во Скопје, која понекогаш знае и да затаи, речиси и да нема каде да се провери квалитетот на воздухот. Иако метеоролшките станици имаат податоци за квалитетот на воздухот низ градовите низ Македонија, речиси никогаш да не се презентираат податоци за квалитетот на воздухот во другите градови низ Македонија. Еден апарат за мерење на аеро – загадување чини околу $300 и ретко кој може да си дозволи да набави еден таков уред. Сепак има еден поевтин начин да се дојде до еден таков уред.
Имено, Крис Нафис успеал за нешто помаку од $150 да направи сам уред за монторинг на воздухот. Иако $150 не е мала сума, сепак таа е доста помала од цената на уредите кои се нудат на пазарот. А и мора да се земе предвид дека деловите од кои е изработен можеби се дури и поевтини во Македонија, така што таа цена може да биде и помала. Од неговите искуства се покажало дека уредот кој тој го направил е на речиси исто ниво како и оној кој се нудел на пазарот. Податоците кои ги добил речиси да не се разликувале од комерцијланите уреди. Доколку се разбирате од електроника без проблем може да го направите овој уред. За подетални податоци и како да се изработи истиот на следниот линк.