Истражувачите од Министерството за енергија на САД за првпат идентификувале ензим кој е способен значително да ја зголеми количината на шеќерот галактан кој се наоѓа во клеточниот ѕид во клетките на растенијата. Галактанот е тип на галактоза, кој е 6-карбонски шеќер кој лесно ферментира во етанол со помош на квасец. Тој долго време беше предмет на истражувања со цел да се создадат напредни биогорива од целулозна биомаса.
За разлика од етанолот, новата генерација на биогорива кои се прават од шеќерите што се наоѓаат во клеточниот ѕид на растенијата би можеле директно да ги заменат фосилните горива како бензинот, дизелот и керозинот и притоа не би требало да се прават никави измени на моторите и постројките кои ги користат.
Својството кое навистина би можело да ги промовира како ветувачки обновлив извор на енергија е нивниот потенцијал да бидат карбон неутрални, односно да не придонесуваат во емисиите на CO2 при согорувањето.
Според вработените во Националната лабораторија „Лоренс Беркли“, основниот предизвик при создавањето на овие горива беше пронаоѓањето начин да се максимизира количината на шеќери од клеточен ѕид кои би можеле да се ферментираат.
-Го потврдивме идентитетот на ензимот GT92 како прв ензим кој можеда ја зголеми биосинтезата на галактан. Ова откритие дава голем поттик при создавањето на напредни видови на биогорива – вели Хенрик Шелер, потпретседател на Здружениот биоенергетски институт (JBEI), кој работи во склоп на лабораторијата.