About the author

Златко Чавдаровски

Дипломиран инженер по електротехника, насока електроника и телекомуникации

Related Articles

7 Comments

  1. 1

    Нено Богдан

    Видов на еден документарец од Нешнл Џиографик дека во Тајван на некој стадион ставиле на кровот фотоволтаици. Имено, ова е стадионот: https://www.guardian.co.uk/environment/2009/may/20/taiwan-solar-stadium

    На кровот има 14 000 метри квадратни соларни панели (бројот на панелите е 8844).
    Годишната продукција на струја е 1,14 милиони киловатчасови што му доаѓа по 80 киловатчасови по метар квадратен соларни панели на покрив. Македонија е на повисока географска ширина со Тајван, па помала изложеност на сончева радијација има. Панелите се неподвижни, баш какви би биле на куќен покрив.

    По цена од просек – бидејќи струјата се прави дење кога има Сонце т.е. кога е скапа тарифа (со вграден ддв и ангажирана моќност) – од 4 денари по киловатчас, значи дека ако човек стави еден метар квадратен соларен панел на кровот на куќата му ќе заштеди 80 х 4 = 320 денари годишно, што е околу 5,5 евра.

    Ме интересира, колку чини соларен панел од еден метар квадратен. Ако е панелот со димензии кои дават површина од пола метар квадратен, или метар и пол квадратен треба да се подели цена на парчето со површината на парчето.

    Во Тајван ги имаат турено најновите, најефикасните, ама пред три години било тоа, па верувам дека сега на пазарот се достапни баш тие модели за секого.

    Колку чини метар квадратен соларен панел? Ако чини 100 евра, тоа значи дека со поврат на инвестиција од 5,5 евра годишно, требаат 18 години да се врати инвестицијата. Ако пак чини 200 евра, тоа се 36 години поврат.

    На едно место чинам дека видов (изгледа кај вас, ама не можам да го најдам на сајтов) дека 2 панела со 2,2 метри квадратни површина се продаваат сосе инсталација за 600 евра!!! Зарем, 54 години рок на поврат на инвестиција?!

  2. 2

    dimeski

    Поздрав Нено Богдан
    Малку не ти е во ред математиката ..
    Еден панел од 1 м2 нема да даде само 80КWh годишно , ами повеке…
    Не се сметаат панелите на М2 , ами според нивната мокност , но еве да речеме дека според квадратурата имаш одредена мокност на панелот , па колку би било…Еден панел , од моите нови панели , е со површина од 1м2 ( 101х98 цм) дава за еден час на сончево време од 120 – 130 Wh, значи во еден ден дава над 1 KWh .Преку годината имаме околу 270 сончеви денови , значи би добиле околу , еве 250 KWh , што според твоите 80 KWh е 3 пати повеке . Второ , струјата не е веке 4 ден. за киловатчас , ами моментално е 3,8ден х 33% за ангажирана моќност и на сето тоа уште 18 % ДДВ ( пред поскапувањето е оваа цена , па сето помножи го уште со 10 % ) ке добиеш , ако добро сметам 6,6 денари , што е далеку од твоите 4 денари..
    Самиот пресметај за колку години ке се врати инвестицијата .
    За помалку од 10 години , што ке признаеш е добро време. Да не ти кажувам дека до 2015 година струјата ке има ДУПЛА цена од оваа сега , и тогаш дали ке се исплати инвестицијата или не…
    Друго ке те прашам ( ова ми го кажа еден мој муштерија ) …
    Сигурно возиш кола …
    Дали ти се исплатила инвестицијата од барем 10 000 евра што си ги дал за колата , не сметајки ги регистрацијата , безнинот иодржувањето ??? За колку години ке си ги вратиш тие пари ???

    Околу 2 та панела и 600 евра .Сигурно си ги гледал моите комплети за викендица … За нив е друга математика .
    ЕВН наплаќа 500 евра за приклучок , па мораш кабел , ормарче и тоа од кај нив , па ке добиеш 800-900 евра за да донесеш струја во викендицата ( или фарма или штала ..) Значи во старт си во загуба..А струјата , па и неа треба некој да ја плака .Ова со 800-900 евра е во најдобриот случај , ако имаш бандер до тебе..Ако немаш сметај на неколку илјади евра …
    Поздрав и секое добро

  3. 3

    Нено Богдан

    Димески, бројките ги зедов од написот на Гардијан. Они велат дека 14 000 метри квадратни соларни панели даваат 1,14 милиони киливатчасови годишно.

    Од таму испадна бројката 80 киловатчасови по метар кавдратен соларен панел годишно. Значи, за математиката расправај се со британскиот Гардијан, не со мене.

    Ако нивните бројки се точни, некако посклон сум да верувам дека во Тајван на нивниот нов стадион ептен најновите и најефикасни панели ги туриле, така да…

    Освен тоа, ако повратот на инвестиција е 10 години, а на Св Петка е 20 години, зашто тие пари не ги даде државата за градба на соларна централа, туку за хидроцентрала ги потроши?

    Ако соларните панели се толку исплатливи, зошто има потреба од субвенции за нив?

    Баш затоа и прашав кај авторот на овој блог, да ми даде тој повеќе информации.

    1. 3.1

      dimeski

      Производство на струја од хидропотенцијал е поевтин од фотонапонски панели.За тоа дека рокот на враќање на таа инвестиција е поголем од оној на соларните панели треба да ги прашаме инвеститорите и градителите .Не сум сигурен дали тоа беше со оваа централа или со друга градба , но за некоја правеа 2-3 пати брана или нешто слично ..Од таму може и да е поскапата варијанта . А и кај нас знаете и самиот како оди „тендерската набавка “…
      Исто и струјата добиена од хидроцентрали е подобра , зошто работи 24/7/365 , а панелите само кога е сонце…
      За пресметките нема да се расправам со никого , тоа се бројките , тоа е струјата што се добива од панелите ( моите на пр. а слично е и со другите ), тоа е цената на струјата.
      Има(ше) потреба од субвенции за да се натера народот на поинакво размислување и вложување во енергетиката .Ова се правеше од пред неколку години , а со големиот интерес цената на соларните панели по ват падна од 5-10 евра по ват во почетокот на под 1 евро од ват
      Да бидеме реални : Не е будала една Германија , па е лидер во поставени соларни панели за струја .Будали сме сите ние , заедно со нашата држава , зошто не се стимулира со поедноставни закони и правила , поставувањето на соларни фотнапонски панели на секој покрив во Македонија

    2. 3.2

      Златко Чавдаровски

      Еве мало мислење и од мене: Македонија располага со 240 до 270 сончеви денови во годината, во зависност од изворот кој се цититра. Еве да ја земеме и помалата бројка 240 дена. Тоа се 8 месеци, значи за лоши денови се сметаат поголемиот дел од зимата и нешто од есента, грубо кажано. Во останатиот дел од годината, должината на денот е релативно долга па може да се каже дека соларните панели ефективно ќе произведуваат енергија во просек по 8-10 часа на ден. Еве и тука да ја земеме помалата бројка од 8 часа. Ако сето ова го помножиме со бројот на панели (не по површина, бидејќи еве во Македонија се продаваат панели со површина околу 1м2 и со моќност од 120W (има и многу помоќни, но пак да се држиме до минимумот), додека овие тајванските се очигледно поголеми), се добива друга бројка од наведената во текстот: 240дена х 8часа х 120W х 8844панели = 2 037 657 600 Wh произведена енергија на годишно ниво, односно 2.037 милиони kWh, што е далеку повеќе отколку наведените 1.14 милиони kWh од текстот. Моја претпоставка е дека најверојатно е погрешно наведена бројката во текстот или дека Тајванците се одлучиле за евтини и не многу моќни панели (според пресметките ми излегува дека се околу 65W).
      А да, и Тајван нема повеќе сончеви денови од Македонија, бидејќи се наоѓа во зона со многу влажна клима во која има сезона на тајфуни, и тоа на сред лето во јули и август, кога и најмногу би требало да бидат искористени сончевите зраци.

  4. 4

    Нено Богдан

    Сепак така не би требало да се пресметува производството. Оти осум часа дневно, ама не значи дека сонцето исто грее на панелите, Не е иста сончевата радијација во 12.00 т.е пладне на 21ви јуни и во 7.30 наутро на 21 декември, дури и ако небото е јасно и без облаци и во двата случаи.

    Така да линераното множење не ми делува баш правилно.

    Моќноста од 120 вати мислам дека е максимално (за саат време во лето напладне 0,12 киловатчасови ќе произведе панелот), а не просечно производство (и сабајле, и на пладне, и во лето и во зима исто па исто)

    Сличен концепт „инсталирана моќност“ има кај хидоцентрали. Ако има инсталирана моќност од еден гиват (милион киловати),. не значи дека за една година ќе произведе 24х365х1000000 = 8.760.000 квч, туку ако се пушти вентилот максимален протек да има од езерото, може да произведе за тие неколку часа што ќе тече на максимум по еден милион киловатчасови на саат.

    И да, на Тајван има повеќе облаци, ама сепак е на помала географскаа ширина отколку Македонија, па тоа значи повеќе сончева радијација, па би требало да се компензира со тоа негативниот ефект од облачноста.

  5. 5

    dimeski

    Морам уште еднаш да искоментирам околу времето , траењето на денот и слично.Земам просек од 1КWh за еден ден и тоа не 270 дена во годината ,ами само за 250дена ( 250 KWh во првиот пост најгоре ) .Денот зимно време трае 7-8 часа во најлош период , околу средина на декември и почеток на јануари и тогаш навистина производството е ПОЛОВИНА од она во летните месеци.Но тоа е само за месеците декември и јануари.Пред тој и после јануари има поголемо производство .Не како во крајна пролет до рана есен ,ама сепак повеке од половина , би рекол 65-75 %, според информации што јас ги собирав од повеке извори. А летно време денот трае повеке од 12 часа , но сигурни 9-10 часа со максимално производство
    И сепак , годината има 365 дена , од кои земам само 250 за просек по 1KWh на ден . А другите 115 дена ??? Иако е облачно , панелите сепак произведуваат и тоа околу 40-65% од сончево време ( да не е само магла и „тешки“ , црни облаци ) па и тоа количество треба да се смета…
    Се’ на се’ , горната математика ( од првиот пост ) ВАЖИ . Исто како и таа за цената на струјата.
    Поздрав и секое добро

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency