Вчера во Загреб беше претставен саем Натура Дом, кој ќе се одржи од 14-17 април во салата „ Жатика“ во Пореч. На саемот, покрај енергетската ефикасност и нискоенергетска и пасивна градба, ке биде претставена и еколошка опрема, еко возила и еко гастрономија. Семинарот кој ќе се одржи во склопот на саемот, ќе ги собере професионалците и излагачите под еден покрив (архитекти, специјализирани фирми од овие области, инженери итн.). Влезот на овој саем ќе биде бесплатен, а се очекува посета од околу 30.000 посетители. Саемот беше претставен од страна на:
- Давор Пентек, директор на „Натура студио“ ДОО – организатор на Саемот
- Катарина Шобат, директорка на кластерот за станбено банкарство на Загребска банка и заменик претседател на Прва станбена штедилница – партнер на саемот
- Зоран Богуновиќ, канцеларија на УНДП Хрватска, раководител на проектот за поттикнување на енергетската ефикасност во Хрватска, стручен партнер на саемот
- Проф. Љубомир Мишчевиќ, АФ Загреб, раководител на проектот „Pass Net Croatia“, раководител на семинарите што ќе се одржат на саемот
- Претставничка на Фондот за заштита на околијата и енергетска ефикасност-покровител на саемот
Саемот ќе собере преку 100 излагачи на брендирана опрема, кои ќе претстават најнови технологии и производи од областа на енергетската ефикасност.
Извор: ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА