Современо земјоделие не може да се замисли без наводнување. Наводнувањето ги зголемува и стабилизира приносите, во еден збор ја зголемува рентабилноста и профитабилноста во земјоделието.
Сите системи за наводнување користат различни видови на пумпи за вода, кој што работат користејќи ја електричната енергија или пак дизел агрегат. Но покрај овие системи, постојат и сончеви системи кој што можат повеќе од успешно да ја вршат функцијата на наводнување.
Модерните системи за наводнување, користат притисок да ја „качат“ и дистрибуираат водата во цевките и цревата, директно до корењата на растенијата со капка или пак со вештачки дожд.
Компанијата ЕКО БИОФОРУМ во своја понуда има LORENTZ сончеви системи за наводнување по систем капка по капка. Следниве примери покажуваат стандардни барања и решенија во наводнувањето (микро наводнување).
Модел А:
PS 1200 HR-07 со 660 W(p) соларен генератор, 72-96 V DC
(фиксно монтиран, без тракер)
Излез:
Волумен [Q] = 8.5 m3/ден со вертикален лифт од [H] = 60 m
Цена: 3.200 € + ДДВ
Забелешка: Во цената не е вклучена монтажа. Со 8.500 литри на ден може да обезбеди вода за наводнување (капка по капка систем) за следнава површина:
(ETo) |
Проред на капалки |
Наводнување |
5.5 mm/ден |
0.5 m |
Просечно 1000 -1200 m2 2 пластеника, секој 500 m |
7.0 mm/ден |
1.0 m |
просек. 2.000 – 2.500 m2 |
Забелешка: пресметката е направана врз основ на претпоставката за 90% ефикасност и 30 cm растојанието на капалките. Потребите за вода зависат од развојот на растенијата, како и од типот на почвата. Користете jа црната пластичната фолија (прекривка) за да се намали испарувањето (Еo).
Модел Б:
PS 1800C SJ5-12 со 2,100 W(p) соларен генератор
(фиксно монтиран, без тракер)
Излез:
Волумен [Q] = 30 m3/ден со лифт [H] = 60 m
Цена: 4,500 € + ДДВ
Забелешка: Во цената не е вклучена монтажа
Со 30.000 литри на ден може да обезбеди вода за наводнување капка по капка за следнава површина:
(ETo) |
Проред на капалки |
Наводнување |
5.5 mm/ден |
0.5 m |
Просечно 4000 -5000 m2 8 пластеника, секој 500 m |
7.0 mm/ден |
1.0 m |
просек. 8.000 – 10.000 m2 |
Овие системи можат да бидат финансирани преку комерцијалните кредити на деловните банки, како и преку ИПАРД програмата.
2 Comments
Lovro
Preskapo , uste edno prasanje , a kolku ce cini cuvarot sto ce gi cuva fotovoltajcite vo nekoja niva ?
Оливер
Има поевтини и поефикасни решенија од овие погоре, во смисла со помалку пари за поголема количина на вода од горенаведените… Мислам дека видов на еден друг сајт во Македонија …
А за чуварот , лесно е …а ионака се земјоделците цело време на нивата во време на одлгедување и работа на поседите …